fbpx
 (SR) +381 34 677 75 00       info@bekament.com

BK-Nova Era

04-BK-Nova-Era-rgb
ikonice

Download


Напомена


BK-Nova Era е транспарентен материјал, така што нуди можност за мешање неколку нијанси на еден ѕид.
Примена:

Акрилна паропропустлива боја за декорација на внатрешни површини. Соодветни подлоги се сите површини израмнети со BK-GletEx Universal и BK-GletEx Acryl (гипс-картон плочи, бетони, различни фини малтери или влакнесто-цементни површини). BK-NovaEra е отпорна на влажно бришење.

Подготовка и нанесување:

Пред нанесување на декоративната боја, глетуваната површина треба да се премачка
со BK-Deco Acryl подлогата (време на сушење минимум 6 часа). Се нанесува со четка за фарбање, најчесто во два слоја. Крајниот изглед се постигнува со пеглање со пластична лепеза.
Оптимална работна температура: Од +8°C до +35°C. Премазот е целосно сув по 24 часа.

Рок на употреба: 12 месеци, во оригиналната амбалажа. Да се чува на температура од +5°C до +25°C, подалеку од сончева светлина и од ниски температури.

Боја:

Бела + нијанси според тон картата на BK-NovaEra. Нијансите може меѓусебно да се мешаат во произволен однос.

Потрошувачка

Околу 200-300 ml/m² за поединечен слој.

Пакување

2,5 l.

КАЛКУЛАТОР ЗА ПОТРОШУВАЧКА

Внесете квадратура (m2)


* Потрошувачката на производот варира во зависност од различните фактори меѓукои: впивливост и рапавост на подлогата, дебелина на премазот, број на премази, гранулација на зрно, техника на нанесување, посакувана нијанса...