fbpx
 (SR) +381 34 677 75 00       info@bekament.com

BK-StirolFix Special

Примена:

Минерално високофлексибилно лепило, наменето за лепење елементи од XPS, EPS, EPS Grafit и камена волна, како и за вметнување арматурна мрежа и израмнување на цела фасадна површина.

Подготовка и нанесување

Подготовката се врши со додавање на правот во околу 26-28 % вода со мешање до целосна хомогенизација. Масата треба да се остави да отстои 10 минути и пред нанесувањето уште еднаш да се измеша. Подготвеното лепило се нанесува на термоизолациони плочи (точкесто по средината и лентесто по рабовите), а потоа плочите се лепат со притискање на подлогата. При армирање, лепилото се нанесува со назабена челична глетарка (големина на заб 8-10 mm) на отпрашена површина на стиропор, а потоа во така нанесеното свежо лепило се втиснува арматурната мрежичка од горе на доле (минимум 10 cm преклопување помеѓу лентите на мрежата). Целата површина по сушењето се рамни со нов слој лепило, така што вкупната дебелина на завршниот слој на лепилото да изнесува 4-5 mm. Лепилото треба да се заштити од пребрзо сушење и замрзнување.

Рок на употреба и начин на чување: 12 месеци во оригиналното пакување, во сува просторија, на палети.

Потрошувачка:

5,5-6 kg/m² за лепење и околу 6-7 kg/m² за израмнување, во зависност од елементите што се
лепат

Пакување:

25 kg.

КАЛКУЛАТОР ЗА ПОТРОШУВАЧКА


Внесете квадратура (m2)


* Потрошувачката на производот варира во зависност од различните фактори меѓукои: впивливост и рапавост на подлогата, дебелина на премазот, број на премази, гранулација на зрно, техника на нанесување, посакувана нијанса...