fbpx
 (SR) +381 34 677 75 00       info@bekament.com

BK-Aqua Emajl

Опис и примена:

Универзален покривен премаз за дрво и метал на водена основа. Погоден е за декорација и заштита на дрво во надворешна и внатрешна средина, како и за премачкување на помалку оптеретени метални површини во ентериерот. Погоден е за декоративна заштита на прозорци, врати, ролетни, градинарска столарија, огради и сл. Квалитетната смола во синергија со УВ- стабилните пигменти, му дава оптимална заштита на дрвото од дејството на УВ зраците, влагата и останатите надворешни влијанија. Производот нема непријатен мирис.

Подготовка и нанесување:

Пред употреба масата треба добро да се хомогенизира, по потреба да се разреди со вода до 5% за нанесување со четка или ваљак, дo 10 % ако се нанесува со прскање. Боење на дрво: Дрвените елементи изложени на надворешни влијанија, пред првото боење потребно е да се заштитат од дејство на мувли и паразити со нанесување на средството BK-Protecta. Пред нанесувањето на финалниот премаз потребно е да се нанесе прајмерот BK-AquaPrime, a потоа BK-AquaEmajl во два слоја. Боење на метални површини: Пред нанесувањето на финалниот премаз потребно е да се нанесе прајмерот BK-AquaPrime Metal, a потоа BK-AquaEmajl во два слоја. Времето потребно за сушење помеѓу слоевите изнесува 4-6 h при нормални услови (23°C и 50-60 % р.в.в.).

Teмпература на примена:

Oд +5°C дo +30°C. Да не се работи на директно сонце, дожд, и силен ветар.

Потрошувачкa:

60-80 мл/м² за еднослоен нанос.

Пакување:

650 мл.

Нијанси BK-AquaEmajl:

Бела, Слонова коска RAL 1015, Жолта RAL 1018, Окер, Црвена RAL 3020, Кафена RAL 8017, Сина RAL 5017, Зелена RAL 6001, Сива RAL 7001 i Црна RAL 9005 + нијанси према RAL тон карта.

КАЛКУЛАТОР ЗА ПОТРОШУВАЧКА

Внесете квадратура (m2)


* Потрошувачката на производот варира во зависност од различните фактори меѓукои: впивливост и рапавост на подлогата, дебелина на премазот, број на премази, гранулација на зрно, техника на нанесување, посакувана нијанса...