fbpx
 (SR) +381 34 677 75 00       info@bekament.com

BK- Ultra X

Примена:

BK-UltraX е висококвалитетен, професионален и универзален заптивач и лепило на база на хибридна технологија која зацврстува во присуство на влага и формира трајна, еластична гума. Погоден е за користење како затнувач за сите спојни зглобови, пукнатини, груби работи во градежништвото и индустријата на скоро сите површини. Универзално конструкциско лепило за метал, синтетички материјали, бетон, дрво и столарија, како што се: камп-приколки, автомобили, бродови, кампери, приколки, челик, фасади, прозорски рамки, мебел, внатрешно уредување, пиедестали, сендвич-панели, монтажни панели, патни и мостовни конструкции. Погоден е за заптивање на споеви во санитарни простории, како и за заптивање и лепење во ладни магацини и во близина на храна.

Подготовка и нанесување:

Подлогата мора да биде цврста, чиста и сува, без слабо врзани делови, масни дамки и сл. BK-UltraX се користи на „вентилаторски начин“ во вертикални ленти со 10-20 cm растојание меѓу лентите. Се бои со бои на водена основа и во најголем дел – двокомпонентни бои. Синтетичките бои побавно ќе се исушат. Се препорачува тестирање на компатибилноста со бои пред примена. Ако BK-UltraX се премачкува во боја, се препорачува брусење на спојувачките површини. За оптимален резултат се препорачува боење во рок од неколку дена по примената.
Рок на употреба и начин на чување: 18 месеци, на температура од +5°C до +25°C, заштитетно од директно влијание на сончевата светлина и од смрзнување.

Пакување:

290ml