fbpx
 (SR) +381 34 677 75 00       info@bekament.com

SiproFix BK 155

Примена:

Лепило на база на бел цемент со забрзано врзување, наменет за лепење на сите видови керамички плочки, мермер, гранит, стаклени мозаик плочки, од природен и вештачки камен врз ѕидни, подни и фасадни површини, исклучиво врз цврсти подлоги (малтер на база на цемент, вар и бетон) за внатрешна и надворешна употреба. Има одлична лепливост, голема цврстина и отпорност на влага. Соодветен е за лепење врз површини со веќе постоечки плочки, како и врз подлоги со подно греење. Може да се користи за поплочување базени и други
објекти во систем со BK-HidroStop 2 хидроизолацискиот премаз. Не ја менува природната боја на материјалот кој се лепи.

Подготовка и нанесување:

Подлогата врз која се нанесува лепилото мора да биде цврста, чиста, носечка, несмрзната, без пукнатини, без остатоци од масло и боја. Подготовката се врши со додавање на правта во околу 26-28 % вода со интензивно мешање до целосна хомогенизација. Масата треба да се остави да отстои околу 5 минути, по што уште еднаш треба да се измеша за да се добие лепило со соодветна густина. Лепилото се нанесува со помош на назабена глетарка со соодветна големина на запците, така што минимум 65 % од површината на плочките да биде покриена со лепило (ако станува збор за внатрешна употреба) и минимум 90 % ако станува збор за надворешна употреба. Големината на запците зависи од димензијата на плочките (оптимално 4-6 mm за плочки
со големина 10-25 cm). Плочките се притискаат во слој лепило на подлогата, а доколку површината е нерамна или плочките се со поголем формат, лепилото треба да се нанесува и на плочката. Плочките треба да се поставуваат додека е лепилото свежо (пред да се формира кора). Ако се лепи мермер или друг природен камен, подложен на промена на бојата, облогата никако не смее да се топи со вода, а препорачливо е да се изврши и пробно нанесување на лепакот. За подетални упатства треба да се види техничкиот лист за производот.

Температура на примена: Од +5°C до +25°C. Да не се работи по директно сонце, дожд или силен ветер.

Потрошувачка:

Околу 3-5 kg/m², во зависност подлогата и од дебелината на нанесување.

Рок на употреба и начин на чување

12 месеци во оригиналното пакување, во сува просторија, на палети.

Пакување:

25kg

КАЛКУЛАТОР ЗА ПОТРОШУВАЧКА

Внесете квадратура (m2)


* Потрошувачката на производот варира во зависност од различните фактори меѓукои: впивливост и рапавост на подлогата, дебелина на премазот, број на премази, гранулација на зрно, техника на нанесување, посакувана нијанса...