fbpx
 (SR) +381 34 677 75 00       info@bekament.com

BK-IN Plast

Примена

Висококвалитетен акрилен декоративен малтер во вид на паста, со голема цврстина, водоотпорност и исклучителна обработливост, за внатрешна употреба.
Структура на малтерот: рајб (зарибана – риле) и фул (полна – крац).

Подготовка и нанесување

Подлогата мора да биде цврста, чиста, сува и премачкана со подлогата BK-Acryl. Пред нанесување, BK-Plast да се измеша и по потреба да се разреди со мала количина вода (1-2 %). Малтерот се нанесува со челична глетерица со дебелина колку најголемото зрно. Во зависност од посакуваната структура, малтерот понатаму се обработува со пластична глетерица, и тоа: фул структура – веднаш по нанесувањето да се структурира кружно; рајб структура – по нанесувањето да се рајбува со кружни движења додека не се постигне посакуваната структура. Треба да се работи рамномерно и без прекини на поврзани ѕидни површини.
Напомена: Неопходно е да се изврши изедначување на материјалот потребен за поврзаната ѕидна површина со мешање на повеќе канти.
Температура на примена: Од +5 °C до +30 °C. Високата влага и ниските температури може значително да го продолжат времето на врзување на малтерот.

Рок на траење

18 месеци во оригиналната амбалажа. Да се чува на температура од +5 °C до +25 °C, подалеку од сончева светлина и од ниски температури.

Потрошувачка

Прикажано во табелата.

Пакување

25 kg.

ПРОИЗВОДГРАНУЛАЦИЈА Големина на зрнотоЗАРИБАНА (рајб) структура приближна потрошувачка на m2ПОЛНА (фул) структура приближна потрошувачка на m2
Посебно фино зрно (1,0 mm)/2,4 kg
Фино зрно (1,5 mm)2,4kg2,9kg
Средно фино зрно (2,0 mm)2,8kg3,3kg

КАЛКУЛАТОР ЗА ПОТРОШУВАЧКА

Struktura

Debljina

Внесете квадратура (m2)


* Потрошувачката на производот варира во зависност од различните фактори меѓукои: впивливост и рапавост на подлогата, дебелина на премазот, број на премази, гранулација на зрно, техника на нанесување, посакувана нијанса...