fbpx
 (SR) +381 34 677 75 00       info@bekament.com

Бекатерм системи

ТЕРМО ИЗОЛАЦИЈА

Градењето на живеалишта е една од основните човекови потреби. Низ историјата човекот градел станбени објекти од разни материјали, првенствено за заштита од природните непогоди. Во повисокиот степен на развој, објектите ги прилагодувал на посебни барања кои за цел имале постигнување на удобност во живеењето.

Дури во поново време, почнува да води сметка за намалување на трошоците за греење и остварување активен однос со природата. Предностите за општеството и околината се препознатливи и затоа во многу држави се донесени закони за термо изолација на станбени објекти.

Banja Komerc Bekament поседува сертификат зa ETA стандард што го потврдува квалитетот на нашите BekaTherm производи.

Сите BEKATHERM фасадни системи се одликуваат со врвен квалитет што го потврдуваат резултатите од истражувањата на сопствени и иновативни полигони и во најсовремено опремени лаборатории во технолошко истражувачкиот центар на Bekament но и со резултатите од контролните тестирања во овластени институции како во Србија, така и во странство. Денес BEKATHERM има европска техничка согласност за сите верзии на BEKATHERM фасадните системи.

Bekatherm sistemi

Топлотна изолација на фасада

Што е термоизолација?
Термоизолациона фасада претставува топлотно изолациона заштита која спаѓа во контактни фасади и се наоѓа на надворешната страна на објектот. Термоизолациот систем е еден од најважните елементи на секој дом затоа што го штити од временските влијанија како, ветер, мраз, дожд, снег, топлина и други влијанија од околината, и дава баран естетски изглед. Низ фасадната површина, во случај на одсуство на термоизолационен систем, една просечна индивидуална куќа губи дури 30% од енергијата потребна за греење, а кај станбените згради тој процент е значително поголем.

Кои се нејзините предности?

  • Термоизолацијата може да ви заштеди пари.
  • Добра и квалитетна термоизолација ги има следните карактеристики:
  • Обезбедува пријатна температура во објектот во тек на целата година
  • Овозможува објектот да дише, те.да пареата која се создава внатре несметано проаѓа низ фасадната конструкција
  • Спречува појава на влага, кондензација и мувла
  • Механички го штити објектот и го продолжува неговиот век на траење
  • Ја намалува потрошувачката на енергија за греење и ладење и така ви штеди пари и ја чува околината
  • Влијае на создавањето здрава микроклима за пријатен боравок за вас и вашите најблиски во внатрешните простории
  • Ја зголемува вредноста на недвижноста

Добрата термоизолација одговара и на некои дополнителни барања: паропропусност, долговечност, отпорност на влага, инсекти и хемикалии, претставува звучен изолатор.

Bekatherm PrestigeBekatherm StandardBekatherm Plus