fbpx
 (SR) +381 34 677 75 00       info@bekament.com

Bekatherm Prestige Sistem

Големите климатски промени кои се случуваат во светот, не наведуваат добро да размислиме за односот према околината во која живееме како и за максималната заштеда на енергија. Еколошката, економската и енергетската криза укажуваат на тоа дека досегашниот начин на експлоатација на ресурсите е неодржлив и дека екологијата и енергијата претставуваат два причинско-последователни проблеми за иднината на човештовото. Архитектурата е една од примарните цели на еколошките реформи затоа што се проценува дека станбените згради користат, 1/6 од светските залихи на вода за пиење, ¼ од шумските површини и 2/5 од фосилните горива. На еден станбен објект се губи 20% енергија низ кровот, 20% низ вратите и прозорите, 6% низ подрумската плоча и 25-40% низ ѕидовите.
Улогата на надворешниот ѕид како елемент кој го обвиткува објектот е да го заштити од загревање, губиток на топлина, атмосферски влијанија, и притоа да има добри акумулативни способности како би се обезбедила топлина и звучен комфор со цел да се смали потрошувачката на енергија.

Бидејќи најголемите губитоци на енергија се низ надворешните ѕидови, компанијата Banja Komerc Bekament реши да развие фасадни системи со цел смалување на потрошувачката на енергија. Сите производи на Banja Komerc Bekament поседуваат сертификати и атести од домашни и ЕУ институции. Banja Komerc Bekament поседува сертификат од ETA (Европска Техничка Асоцијација) стандард што го потврдува квалитетот на нашите производи, покрај стандардите ISO- 9001 и ISO-14001.


image003

Високопостојаниот систем за термоизолација Bekatherm Prestige со лепакот BK-StirolFix Special нуди висока отпорност, висока термо и звучна изолација и гарантира долг животен век. Употребата на ламели од камена волна обединува негоривост и висока паропропусност.

ФАЗА НА РАБОТА:КОМПОНЕНТИ НА СИСТЕМОТ: ПОТРОШУВАЧКА:СУШЕЊЕ:КАРАКТЕРИСТИКИ:
ЛЕПЕЊЕ НА ПЛОЧИ stirolfix_specialBK-StirolFix Specialstirolfix_1BK-StirolFix 1Cca. 5,0-7,0 kg/m²2 денаОдличен квалитет на обработка Добра лепливост Универзална примена Голема паропропустливост
kamena_vunaФасадна kамена волна2 плочи на m2 Едноставна обработка Оптимална термозаштита Стара градба Нова градба
pvc_tiplТипли со челично јадроАгли: 4 парчиња/m² Рамни плочи: 6 парчиња/m² Додатно зацврстување на плочите Нема опасност од корозија
ВМЕТНУВАЊЕ МРЕЖИЧКИ И ИЗРАМНУВАЊЕ НА ПЛОЧИТЕmrezicaBekatherm мрежица1,1 m2 Отпорност на алкалии Голема цврстина на корнење, кинење и растегнување Без можност за омекнување
stirolfix_specialBK-StirolFix SpecialCca. 5,0-6,0 kg/m²7 денаОдличен квалитет на обработка Добра лепливост Универзална примена Голема паропропустливост
ИМПРЕГНИРАЊЕ И ВГРАДУВАЊЕ ЗАВРШНА ДЕКОРАТИВНА ФАСАДАbk-grind-universalBK-Grund Universal/BK-Silicat0,20-0,25 kg/m² 24 часа За подобрување на лепливоста Изедначување, неутрализација и вододбојност на сите минерални подлоги.
bk-silBK-Sil Si&Si1,0mm/фул/2,3kg/m²1,5 mm / рајбувана / 2,4 kg/m21,5 mm / фул / 2,8 kg/m22,0 mm / рајбувана / 2,7 kg/m22,0 mm / фул / 3,2 kg/m2Минимум 7 дена при стабилни временски услови*Голема паропропустливост Голема водоотпорност Голема механичка цврстина Одличен квалитет на обработка

*Стабилни временски услови имаме кога температурата не паѓа под граничните вредности (+15°C за силикати, +5°C за останатите декоративни фасади)

Napomena

Услов за издавање на гаранција во траење од 25 години е сите елементи од системот кои се наведени во табелата, да бидат изведени од изведувач кој поседува Бекамент Лиценца за изведување на фасадерски работи.

За сите дополнителни детали за гаранциските услови и информации за лиценцирани изведувачи обратете се на info@bekament.com или директно на лицето за комерција одговорно за вашиот регион.


За сите потребни информации и стручни совети, контактирајте ја техничката служба на Bekament на телефонот +389 78 342 894
или преку e-mail
jane.danevski@bekament.com


Download