fbpx
 (SR) +381 34 677 75 00       info@bekament.com

Најчести прашања

Pitanja i odgovori

Кулирот може да се нанесе на големи ѕидни површини меѓутоа тука најбитно е искуството на самиот мајстор и неговата вештина како не би дошле до израз споевите или засушувањето на материјалот при работа.

Има многу стари објекти со порозни цигли и би било погрешно кога на таква површина би ставиле малтер директно. Пред малтерисувањето неопходно е таквиот ѕид да се импрегнира со BK Nivelatorom. BK Nivelator е длабински премаз кој е наменет за изедначување на нерамномерно впивливите подлоги, како перобетонот, циглата и порозниот камен. Ако не ја аплицираме оваа подлога може да се случи ѕидот да ја повлече целата вода од малтерот и да го изгубиме отвореното време за работа на самиот малтер. Со BK Nivelatorom спречуваме нерамномерно сушење и пукање на малтерот. Исушениот премаз е безбоен и нема негативни влијанија на паропропусниот систем.

Во случај кога бањата е малтерисана со продолжен малтер и не постои можност за одпаѓање на постоечките плочки се практикува систем за лепење плочка на плочка.

На постојните плочки потребно е да се нанесе подлога BK-Beton Kontakt која се користи за зголемување на адхезијата и изедначување на впивливоста кај слабо-впивливите подлоги.

BK-Beton Kontakt  се нанесува со четка или ваљак, а времето на сушење е мин 3 часа. По сушењето BK-Beton Kontakt на подлогата, со високоеластичен лепак за плочки SiproFix BK-160 пристапуваме кон лепење на новите плочки.

Појавата на влага и мувла се еден од најчестите проблеми во станбените простории. Потребно е да се одстрани причината која ја доведува појавата на влага. Има повеќе причини за појава на влага, слаба топлотна изолација, вентилирање и загревање на внатрешните простории итн. Прво што треба да се направи е физички да се одстрани мувлата од ѕидната површина (со шпакла или крпа), а потоа го земаме нашиот производ BK Sani Cid фунгицидна течност наменета за одстранување на мувла во внатрешни површини. BK Sani Cid пред употреба треба добро да се истресе и да се разреди до вода во размер 1:5, а потоа да се нанесе на заразената ѕидна површина при што премазот ќе пени. По 24 часа заразената ѕидна површина треба да се измие со мокра крпа (внатрешна површина). Кај концентрирано заразените површини постапката треба да се повтори. Во зависност од степенот на заразенот и впивливост на самата подлога, потрошувачката е 50-100ml/m2. По третирањето на заразената ѕидна површина со BK Sani Cid потребно е да се користи BK Poli Cid безбојна фунгицидна течност која спречува појава на мувла.

НЕ! Како што е познато, силикатите имаат добра паропропусна моќ, па од таа причина своја намена наоѓаат во системите со камена волна (камената волна е природен паропропусен материјал) со што се добива соодветна компактибилност.

Правилно нанесување на лепак на стиропорни плочи е по работ на стиропорните плочи и таканаречените погачи (6 ком.). Ако не ставиме лепак по работ на стиропорните плочи (ставиме само погачи), секоја од нив ќе се познава и по аплицирање на завршниот малтер. Ваквиот начин на апликација ќе нија јави нерамнини на ѕидната површина во форма на мевови.

Ако се појават микропукнатини на лепакот, истите може да се санираат многу брзо и едноставно. Овој проблем го решаваме со структурална подлога BK-MicroGrund Universal. BK-MicroGrund Universalе структурален премаз со микровлакна кој е наменет за изедначување и зацврстување на подлогата. Се препорачува за пополнување на фини, тенки пукнатини и армирање на структурата. Појавата на тн.пајакова мрежа на лепакот ја решаваме со апликација на оваа подлога на тој начин што нанесуваме два слоја вкрстено, за армирање на микровлакната. Оваа структурна подлога е потребно константно да се меша како би се хомогенизирала. BK-MicroGrund Universal може да се тонира во нијанса на фасадата, а неговата потрошувачка е 0,2 kg/m2 на глатка површина и 0,3 kg/m2 на фасадна површина.

TEHNIČKA PODRŠKA

Za sve potrebne informacije, posetite nas ili kontaktirajte. Biće nam drago da odgovorimo na sva vaša pitanja.
T +381 34 677 75 00

info@bekament.com