fbpx
 (SR) +381 34 677 75 00       info@bekament.com

За компанијата


dejan colovic

ДЕЈАН ЧОЛОВИЌ
Сопственик на компанијата
Banja Komerc Bekament

« Квалитетот на нашите производи направи име во кое луѓето денес имаат голема доверба, на што ние сме многу горди. »



Banja Komerc Bekament d.o.o.

Недалеку од Аранѓеловац, на падините на планината Венчац се наоѓа Бања Комерц – фабрика за производство на материјали за завршни работи во градежништво. Основана е 1992 година и веќе 26 години успешно преработува и произведува мелени материјали од познатиот «венчачки мермер».

Нашиот програм го сочинуваат: завршни премази за внатрешни и надворешни зидни површини, градежни лепаци, маси за глетување и фугирање, варово-цементни малтери, декоративни тенкослојни минерални малтери (прашкасти), декоративни тенкослојни малтери во пастозна состојба, емулзии и подлоги, материјали за подови, најфини калциум-карбонатни полнила и останати материјали за градежништво. Сите производи поседуваат соодветни сертификати за квалитет.

Сите наши производи на пазарот се познати под името BEKAMENT.

Озбилен семеен бизнис

На почетокот на деведесеттите години под името Бања Комерц, основана е мала семејна фирма за преработка на мелени материјали од познатиот венчачки камен. Никој не можеше да насети дека 25 години подоцна, со многу ентузијазам, работа, љубов и храброст ќе израсне во голема компанија каква што е денес. Во таа, не толку далечна, 1992 година, производството започна со два производи, а асортиманот денес е проширен за повеќе од 200 производи.

Денес на компанијата Banja Komerc, која од неодамна се вика Banja Komerc Bekament, и припаѓа и ќерка фирма Геа која е купена со два каменолома и погон за преработка на калциум карбонат. Освен тоа, Bekament има уште два каменолома за производство на калциум карбонат.

Bekament моментално вработува околу 350 луѓе, меѓутоа и понатаму тоа е компанија во која сите одлуки се носат во рамките на семејството, што и дава посебна сила и стабилност и на што нејзините сопственици се особено горди, сметајќи го тоа за еден од најголемите успеси.

Предностите на семејниот бизнис, како што истакнува Дејан Чоловиќ, сопственикот на компанијата Banja Komerc Bekament, се посветеноста на работата и долгорочното планирање, а не остварување на краткорочните интереси.

Квалитетот на нашите производи направи име во кое луѓето денес имаат голема доверба, на што ние сме многу горди. Константно работиме на воведување нови трендови, на имплементација на најсовремени деловни и технолошки решенија, ги пратиме потребите на нашите корисници и ги унапредуваме стандардите во работењето. Во 2013 година успешно го ресертифициравме ИСО стандардот, го потенциравме ЦЕ знакот на најважните производи и на тој начин ги направивме интересни и за бројните купувачи во странство. Задоволството на нашите купувачи се гледа со константниот раст на продажбата од година во година, како во Србија, така и во странство.

истакнува Чоловиќ

Компанијата Bekament своите производи ги пласира на пазарите во Хрватска, Босна и Херцеговина, Косово, Македонија, Бугарија, Црна Гора, Грција, Словенија и Албанија, а од 2013 година може да се најдат и во познатиот германски ланец Bauhaus.

Инвестицијата во која вложуваме, а ќе биде готова на почетокот на 2018 година, ќе биде нова фабрика за течен програм, една од најсовремените фабрики на нашите простори, па и пошироко. Ќе биде изградена по европски стандарди, а процесот на изведба ќе го заокружиме со најсовремен магацин за готови производи, во кој материјалите нема да стојат повеќе од пет дена пред да бидат пратени до нашите корисници.

naglašava Čolović

Во склоп на фабриката имаме тренинг центар кој се протега на 1000м2, кој е достапен за секој кој сака да се увери во квалитетот на производите на Бекамент и со стручни совети од нашата техничка служба да ги испроба. Центарот е во соработка со врвен тим технолози кои секојдневно вршат контрола на квалитетот во најсовремена лабораторија.

Контролата на квалитет е многу важна ставка во работата на нашата компанија.

Bekamentе друштвено одговорна компанија, за што докажува учеството во бројни акции, спонзорства и донации.

Константно вложување во развој

Пратењето на светските трендови и пружањето иновативни производи на крајните корисници се императив во работењето на компанијата Bekament. Како резултат на константното вложување во квалитетот и развојот, од фабриката излегуваат производи кои се разликуваат од конкурентските по своите карактеристики, во потполност прилагодени на барањата на крајните потрошувачи и условите во кои се користат.

Јасно ние е дека со идеите и знаењето, односно технолошки иновации се главни фактори за подобрување на продуктивноста. Настојуваме со вложувањето во технолошките иновации да ги зголемиме додатните вредности, како на самиот процес, така и на конечниот производ, со јасна контрола на трошоците и производството.

истакнува Дејан Чоловиќ, сопственик на компанијата Banja Komerc Bekament

Голем дел од времето и средствата се вложуваат во континуирана едукација на вработените, нивното постојано усовршување и информираност за најновите случувања во струката. А како производител на материјали који влијаат на подобрувањето на животот на луѓето, во компанијата Banja Komerc Bekament се свесни дека нивното работење може да биде успешно само ако е во согласност со природата. Затоа во производството беспрекорно се придржуваат еколошките принципи, користењето на природни материјали со проверен највисок квалитет, а со разни акции, реклами и пропагандни материјали се подигнува свеста на луѓето за неопходното чување на еко-системите, првенствено преку проектите за заштеда на енергија.

Се водиме од идејата дека е неопходно на нашите вработени да им овозможиме да уживаат во работните обврски во иста мерка во која нашите потрошувачи уживаат во нашите производи.

Сертификати


BANJA KOMERC BEKAMENT
Компанијата Banja Komerc Bekament е посветена на развивање на своето работење, со вложување во локалната заедница и константна едукација и унапредување на своите вработени. Успешноста на работењето не зависи само од способноста и добрата организација туку пред се од поставувањето на прави луѓе на право место. Долги години успешно се работеше на подобрувањето на работењето на компанијата, што резултираше со добивањето на сертификати.

ISO 9001 – Систем за менаџирање на квалитет (QMS), ISO 14001 – Систем за управување со заштита на животната средина (EMS) и ISO 18001 - Систем за управување со безбедност и здравје при работа (OHS)