fbpx
 (SR) +381 34 677 75 00       info@bekament.com

Референци

Banja Komerc Bekament d.o.o.

O kompaniji

Компанијата Banja Komerc Bekament d.o.o. е основана 1992 година и веќе 25 години успешно преработува производи од мелени материјали од познатиот «Венчачки мермер».

Нашиот програм го сочинуваат: завршни премази за внатрешни и надворешни зидни површини, градежни лепаци, маси за глетување и фугирање, варово-цементни малтери, декоративни тенкослојни минерални малтери (прашкасти), декоративни тенкослојни малтери во пастозна состојба, емулзии и подлоги, материјали за подови, најфини калциум-карбонатни полнила и останати материјали за градежништво. Сите производи поседуваат соодветни сертификати за квалитет.

Сите наши производи на пазарот се познати под името BEKAMENT.

Од своето основање компанијата Banja Komerc Bekament d.o.o.го има зацртано својот развоен пат кој се базира на:

  • врвен и постојан развој на сите производи
  • исполнување на сите реални барања на купувачите
  • непрестано подобрување на технолошкиот процес и производството
  • сопствен развој, со пратење и примена на светските достигнувања
  • коректен однос со деловните партнери, но и со останатите производители во земјите каде се пласираат нашите производи
  • пристапни цени со оптимален однос меѓу цената и квалитетот