fbpx
 (SR) +381 34 677 75 00       info@bekament.com

Стручни совети

НОВОСТИ ЗА ДЕКОРАЦИИ ЗА ЕНТЕРИЕР

Познато е дека ѕидовите завземаат најголема површина од една просторија. Како такви привлекуваат креативна слобода во уредувањето на просторот на начин кој вие го посакувате. А има многу начини! Ѕидовите можете да ги пригушите, вклопувајќи ги со позадината или можете да ги украсите со детаљи и бои со кои дрско би се истакнале во просторот.

Bekament ви нуди декоративни материјали кои ќе го оплеменат просторот и ќе го направат попријатен за боравок.


video

BK-Sunset е специјална акрилна боја наменета за декорација на внатрешни ѕидови.


bk-sunset

BK-Sunsetе креирана како ново решение за внатрешно уредување со цел на просторот да му се даде високо префинета елеганција. Направен по најсовремена технологија, гарантира трајност и отпорност на влажно бришење.

BK-Sunset може да се истонира во која било нијанса или боја, а при тоа да не го изгуби својот сјај и седефаст ефект.


video

BK-NovaEra е акрилан паропропусна боја за декорација на внатрешни ѕидови.


BK_Nova_eraСо широкиот спектар на бои и белите гранули со бисерен ефект кои се наоѓаат во материјалот постигнуваме уникатен изглед на ѕидната површина.

Интензивните и пастелни нијанси од палетата на BK-Nova Era пружаат во потполност оригинална интерпретација на античките облици и текстури во просториите каде се аплицираат.

Потрагата по хармонија помеѓу просторот и светлината е збогатена со единствената комбинација на класични мотиви и модерна форма.


video

BK-Nova Era Exclusive е акрилна паропропусна боја за декорација на внатрешни ѕидови.


BK-Nova-era-exclusiveСечиј животен простор има своја уникатна атмосфера. Понекогаш е доволен само еден мотив за да ја истакне. Со користењето на BK-Nova Era Exclusive можете да креирате интересен дизајн без обзир на стилот кој преовладува во вашиот дом. Декоративен материјал кој се во вклопува во дизајнот можат да го користат љубителите на класиката, елеганцијата, како и оние кои преферираат модерна екстраваганција.

Ексклузивниот ефект на злато, сребро и бронза создаваат отмена и благородна атмосфера која му дава на просторот една потполна нова димензија.


video

BK-Stucco е висококвалитетен декоративен кит наменет за украсување на внатрешни ѕидови .


BK-Stucco

Китот е делумно транспарентен, па така со примена на соодветна техника може да се постигнат разни ефекти: шаренолик и масен изглед, верна имитација на камен, ѕид од мермерен, дрво.

BK-Stucco го исполнува вашиот дом со доза на природно опкружување. Инспириран е од природата и е дизајниран во тој дух.

Совршено рамните и глатки површини ја рефлектираат светлината и оставаат чувство на длабочина, додека ефектот на преливање и претопување на бои пружаат импресивна декорација на ѕидните површини.