fbpx
 (SR) +381 34 677 75 00       info@bekament.com

Припрема на подлогата

ТИПОВИ НА ПОДЛОГИ И ПРАВИЛНА ПРИПРЕМА

Декорацијата на ентериерот е неопходен чекор во уредувањето на домот. За да оставите личен печат во својот дом, одберете декоративни елементи кои ќе го оплеменат вашиот животен простор. Пред да се одлучите за освежување на вашиот станбен простор, без разлика дали тоа ќе го правите сами или со помош на професионалци, битно е да ги знаете основните информации со чија помош вашиот простор на подолг период ќе остане уреден, модерен и уникатен.

Одбирање на алат

За добра апликација е потребно да имате добар алат. Можеме да избереме најквалитетни материјали, но без соодветен и квалитетен алат може да предизвикаме безброј проблеми чија корекција би не чинела скапо! При пребојадисувањето на внатрешните површини најчесто се користат четка и ваљак. Квалитетните четки обично имаат долги влакна. Составот на четките е од природни влакна или најлон. Широки четки се користат за работа на големи површини, а тенки за детаљи и агли.

Кога сме кај ваљаците битно е да се знае дека квалитетниот ваљак не ја губи својата форма при употреба и перење. Ваљаците со кратки влакта (6-9mm) се употребуваат за рамни површини, додека ваљаците со долги влакна (12–25mm) се користат за нерамни површини.

За нанесување на боја понекогаш се користи компресорски пиштол, но со негова употреба се гарантира добро нанесување на боја на површината.

Пред да почнеме со работа, потребно е сите површини кои не сакаме да ги оштетиме или извалкаме, да ги заштитиме со ПВЦ фолија, креп трака со различна ширина и картон. Новите бои се постојани и тешко се бришат доколу капнат на под или на врата, па затоа заштитата треба да биде на време! Пред молерисување ѕидовите мора да се исчистат, посебно во кујната, каде има дамки од масло и храна. Ако не се исчистат дамките бојата нема да се фати добро. На нечистите места користете средство за одмастување.

Подлоги

Пред работењето со материјалите потребно е да се провери дали ѕидната површина е правилно припремена. Ретко кога имаме совршено припремен ѕид. Обично тоа е ѕид кој веќе е обоен со полудисперзна или дисперзна боја, некогаш тоа е само малтерисан ѕид, некогаш тоа се ѕидови кои се обработени со посебни премази (пр. Латекс или мрсна боја), тапети или специфични декоративни техники. За секоја од овие подлоги постои соодветно решение и начин на припрема. Многу е битно припремата на ѕидот да биде извршена на правилен начин. Во спротивност ќе имаме последици како, продолжување на изведбата, ангажирање на дополнителни мајстори, дополнителни трошоци за купување на нови материјали итн.

Информации

За сите потребни информации и стручни совети, контактирајте ја техничката служба на Bekament на телефонот +389 78 342 894
или преку e-mail
jane.danevski@bekament.com

1. Глетуван ѕид

Глетуван ѕид е можеби најдобра подлога. Доколку ѕидот е глетуван со масите за израмнување BK-GletEx, BK-GletEx Universal или BK-GletEx Acryl, треба само да се помине со брусна хартија и да се одпраши. Препорачуваме нанесување на основен премаз BK-Podlaga по сушењето и брусењето на вториот слој глет маса

2. Ѕид обоен со полудисперзна и дисперзна боја

Доколку на ѕидот имаме веќе постоечки нанос од полудисперзна или дисперзна боја, треба да се знаат две работа. Доколку пред нанесувањето нова боја не сме направиле дополнителна припрема на ѕидот, а ѕидот предходно бил пребојуван неколку пати со дебелина на слој од боја преку 1mm, постои можност постоечкиот слој на ѕидот да се одвои, во тек на нанесувањето на нова боја. Поради тоа предлагаме ваквите постоечки слоеви механички да се одстранат од ѕидот. Потоа со четка нанесуваме основен премаз BK-Podloga. На овој начин го припремаме ѕидот, правиме врска меѓу ѕидот и наредниот слој и ги одстрануваме нечистотиите од ѕидот. По сушењето на премазот BK-Podloga (најмалку 6 часа), ѕидот се глетува со маса за израмнување BK-GletEx, BK-GletEx Universal или BK-GletEx Acryl, во два слоја. Сушењето меѓу слоевите е мин. 12 часа. Се препорачува брусење на првиот слој со брусна хартија пред нанесување на вториот слој.

3. Малтерисан ѕид или ѕид од бетон

Постојат два начини на кои може да се припреми еден ѕид. Ако имаме малтерисан ѕид, нанесуваме основен прмеаз BK-Podloga, а доколку имаме ѕид од бетон (поготово мазен бетон) нанесуваме BK-Beton Kontakt. Доколку се работи за стар малтер при што не знаеме кога е работено малтерисувањето, задолжително е нанесувањето на премаз BK-Nivelator (во овој случај не се нанесува BK-Podloga). Доколку се работи за помошни простории (гаражи, технички простории) каде не се бара рамна ѕидна површина (ѕидот може да остане рапав) можеме да пристапиме кон пребојување на ѕидот без дополнителна обработка. Нанесувањето се врши со ваљак во вкрстена постапка. Доколку сакаме да добиеме идеално рамен ѕид, по нанесувањето на основниот премаз и неговото сушење пристапуваме кон нанесување на маса за израмнување BK-GletEx, BK-GletEx Universal или BK-GletEx Acryl, во два слоја. Сушењето меѓу слоевите е мин. 12 часа. Пожелно е брусење на првиот слој со брусна хартија пред нанесување на вториот слој. Препорачуваме нанесување на основен премаз BK-Podloga по сушењето и брусењето на вториот слој глет маса. По сушењето на премазот (најмалку 6 часа), пристапуваме кон нанесување на посакуваната боја BK-Pol, BK-Pol Gold или BK-Pol Crystal.

4. Гипс-картон плочи

Кога имаме подлога од гипс-картонски плочи, прво пристапуваме кон исполнување на споевите (бандажирање). Споевите ги исполнуваме со маса за исполнување BK-Fil. На споевите на гипс-картонските табли прво нанесуваме основен премаз BK-Podloga и по неговото сушење пристапуваме кон бандажирањето. BK-Fil се нанесува на споевите така што неговата дебелина не треба да одстапува од површината на гипс-картонските плочи. Во свежата маса се втиснува бандаж трака и по сушењето на првиот слој BK-Fil нанесуваме уште еден слој за израмнување на површината (во ширина од 20-30см). Дупките во гипс-картонските плочи настанати при присцврстувањето на плочите за основата ги пополнуваме со BK-Fil.

По сушењето на BK-Fil пристапуваме кон брусење со брусна хартија и нанесување на основен премаз BK-Podloga. По сушењето на основниот премаз (мин. 6 часа) ѕидот се глетува со маса за израмнување BK-GletEx, BK-GletEx Universal или BK-GletEx Acryl, во два слоја. Сушењето меѓу слоевите е мин. 12 часа. Пожелно е брусење на првиот слој со брусна хартија пред нанесување на вториот слој. Препорачуваме нанесување на основен премаз BK-Podloga по сушењето и брусењето на вториот слој глет маса. По сушењето на премазот (најмалку 6 часа), пристапуваме кон нанесување на посакуваната боја BK-Pol, BK-Pol Gold или BK-Pol Crystal.

5. Масна боја или латекс боја

Ако се земе во предвид дека мрсната боја има многу добра водоодбојна моќ, постојат два начини на припрема на подлогата пред нанесување на дисперзна боја. Првиот начин е механичко одстранување на мрсната боја, а другиот е многу поедноставен начин кој впрочем ние и го препорачуваме. На површината на ѕидот (доколку сите предходни слоеви се цврсто врзани за ѕидната површина) со ваљак или четка се нанесува BK-Beton Kontakt, што го прави различен од конкурентните производи кои можат да се нанесат само со четка. На овој начин се создава врска меѓу глатката површина на мрсната боја и следниот слој (маса за израмнување), затоа што со BK-Beton Kontakt се создава рапост на ѕидната површина. По сушењето на BK-Beton Kontakt (мин. 24 часа) пристапуваме кон нанесување на маса за израмнување BK-GletEx, BK-GletEx Universal или BK-GletEx Acryl, во два слоја. Сушењето меѓу слоевите е мин. 12 часа. Пожелно е брусење на првиот слој со брусна хартија пред нанесување на вториот слој. Препорачуваме нанесување на основен премаз BK-Podloga по сушењето и брусењето на вториот слој глет маса. По сушењето на премазот (најмалку 6 часа), пристапуваме кон нанесување на посакуваната боја BK-Pol, BK-Pol Gold или BK-Pol Crystal.

6. Тапети

Тапетите мора да се тргнат од ѕидната површина и тоа прво со нивно натопување, а потоа со специјален алат за таа намена се пристапува кон вадење на истите. По вадењето на тапетите се наесува основен премаз BK-Podloga. По сушењето на основниот премаз (мин. 6 часа) ѕидот се глетува со маса за израмнување BK-GletEx, BK-GletEx Universal или BK-GletEx Acryl, во два слоја. Сушењето меѓу слоевите е мин. 12 часа. Пожелно е брусење на првиот слој со брусна хартија пред нанесување на вториот слој. Препорачуваме нанесување на основен премаз BK-Podloga по сушењето и брусењето на вториот слој глет маса. По сушењето на премазот (најмалку 6 часа), пристапуваме кон нанесување на посакуваната боја BK-Pol, BK-Pol Gold или BK-Pol Crystal.

Бои или декоративни премази

По извршената припрема на ѕидната површина останува да се одлучиме дали ќе нанесеме полудисперзна боја BK-Pol или BK-Pol Fresh или дисперзна боја BK-Pol Gold или BK-Pol Crystal, или некоја од декоративните техникиk BK-Sunset, BK-Stucco, BK-Nova Era Exclusive, BK-Nova Era, BK-Art.Се е прашање на вкус и ние ви препорачуваме да ги изберете оние материјали кои прилегаат на вашиот карактер и вашиот простор.


Грешки

Ѕидовите го обликуваат нашиот секојдневен животен простор и многу е важно во него да се чувствуваме пријатно. Често се одлучуваме самостојно да завршиме некоја работа или да ја препуштиме на аматери поради најниската цена. Таквите одлуки најчесто резултираат со каење и чувство на фрлени пари, а уживањето во убавиот амбиент изостанува. Најчести грешки кои се случуваат при пребојувањето на ѕидните површини се, правење на меури, пукнатини, нерамномерен сјај, траги од ваљак, лоша покривност. Детално ќе објасниме зошто настануваат овие грешки и како да ја спречиме нивната појава или да ги одстраниме кога веќе се појавиле.

1. Правење на меури или одвојување на бојата од ѕидот

Доколку нанесуваме боја на недоволно сува глет маса или влажна површина, може да дојде до формирање на меури или одвојување на бојата од ѕидот. Потребно е да се одстрани комплетно слабо врзаниот дел и да се дојде до здрава површина. Површината треба фино да се избруси и потоа да се нанесе основен премаз BK-Podloga. По сушењето на основниот премаз критичните делови треба да се изглетуваат. По глетувањето потребано е критичната површина да се помине со BK-MicroGrund Universal поради изедначување на површината. Со оглед на тоа што BK-MicroGrund Universal содржи кварцен песок, пред нанесувањето на боја потребно е да се нанесе уште еден слој глет маса за израмнување преку целата површина. Препорачуваме нанесување на основен премаз BK-Podloga по сушењето и брусењето на вториот слој глет маса. По сушењето на основниот премаз (најмалку 6 часа), пристапуваме кон нанесувањето на бараната боја BK-Pol, BK-Pol Gold или BK-Pol Crystal.

2. Лупење на боја и пукање

Како се нанесуваат слоеви боја, еден врз друг, со текот на времето се создава слој со дебелина од 2mm поради што доаѓа до пукање на самата боја и одвојување од подлогата. Оваа појава се вика цветање на бојата. Потребно е сите слабоврзани делови да се одстранат механички и да се дојде до здрава површина. Потоа се нанесува BK-Podloga. По сушењето на основниот премаз (мин. 6 часа) ѕидот се глетува со маса за израмнување BK-GletEx, BK-GletEx Universal или BK-GletEx Acryl, во два слоја. Сушењето меѓу слоевите е мин. 12 часа. Пожелно е брусење на првиот слој со брусна хартија пред нанесување на вториот слој. Препорачуваме нанесување на основен премаз BK-Podloga по сушењето и брусењето на вториот слој глет маса. По сушењето на премазот (најмалку 6 часа), пристапуваме кон нанесување на посакуваната боја BK-Pol, BK-Pol Gold или BK-Pol Crystal.

3. Пукнатини

Често при реконструкција на просториите, на споевите меѓу старите и новите ѕидни површини се јавуваат пукнатини. Неопходно е овие пукнатини да се издлабат пред да се почне со нивна санација. Прво се аплицира основен премаз BK-Podloga. По сушењето на основниот премаз, пукнатините се исполнуваат со маса за исполна BK-Fil. Во свежата маса се втиснува бандаж трака. По сушењето на првиот слој BK-Fil се нанесува уште еден за да се израмни површината. По сушењето на BK-Fil пристапуваме кон брусење со брусна хартија и повторно нанесуваме основен премаз BK-Podloga. По сушењето на основниот премаз (мин. 6 часа) ѕидот се глетува со маса за израмнување BK-GletEx, BK-GletEx Universal или BK-GletEx Acryl, во два слоја. Сушењето меѓу слоевите е мин. 12 часа. Пожелно е брусење на првиот слој со брусна хартија пред нанесување на вториот слој. Препорачуваме нанесување на основен премаз BK-Podloga по сушењето и брусењето на вториот слој глет маса. По сушењето на премазот (најмалку 6 часа), пристапуваме кон нанесување на посакуваната боја BK-Pol, BK-Pol Gold или BK-Pol Crystal.

4. Појава на влага и мувла

Влагата и мувлата најчесто се јавуваат во простории кои немаат изолација, каде микроклимата не е стабилна, во слабо проветрени простории како и во простории подложни на кондензација. Пред да се нанесе средството за одстранување на ѕидни алги и мувла BK-Sani CID, потребно е физички да се одстрани мувлата (со шпакла и крпа која по ова нема да се користи). BK-Sani CID се нанесува со четка, ваљак или сунѓер така што се трие заразената површина додека потполно не се намокри и запени од средството. Растворот за апликација се прави така што шишенцето прво добро се тресе, а потоа со додавање на вода во однос 1:5 (1 дел BK-Sani CID на 5 дела вода) се разредува. Исушената површина не е штетна за човекот. За сушење на површината, во зависност од условите, се потребни 2-4 часа. После 24 часа премачканата фасадна површина треба да се испере со вода. Внатрешните површини поминете ги со мокра крпа. По потреба постапката може да се повтори неколку пати. Напомена: Производот не може да се користи како додаток во други производи! Откако ќе завршиме со постапката врз заразената површина, може да пристапиме кон нанесување на полудисперзна боја BK-Pol Fresh со мирис на лимон, во која предходно сме додале фунгицидно средство. Пред употреба, шишенцето BK-Poli CID треба добро да се истресе и измеша во бојата. За понатамошната употреба на бојата треба да се придржувате до соодветните упатствата за дисперзни бои. За потполно сушење на површината се потребни 4-6 часа. Веќе спремена, бојата може да се икористи за нанесување на нови слоеви. Се нанесува со ваљак или четка. Напомена: Потребната вода за разредување на бојата треба да се намали за количината BK-Poli Cid што е додадена во бојата.

5. Нерамномерен сјај

Се јавува како последица на нерамномерен и неизедначен нанос на боја или нерамномерна подлога. Ваквите површини е неопходно прво да се поминат со основен премаз BK-Podloga како би се изедначила впивливоста на подлогата, еднаквото нанесување на боја, а со тоа и нејзиниот сјај.

6. Рамка ефект (видливи ивици)

Рамка ефект е грешка која претставува нерамномерност во бојата која е нанесена по аглите со четка. Во овој случај бојата добива поинаков изглед, нијанса и текстура. Ова се случува ако дозволиме деловите кои се боени со четка, да се исушат пред целата површина да се помине со ваљак. Решението на овој проблем е едноставно. Потребно е да се потрудите наносот на аглите со четка и остатокот со ваљак да бидат исти. Искусните молери почнуваат со работа така што прво ги бојат аглите и ивиците, а потоа додека аглите и ивиците се сеуште влажни го бојат цел ѕид со ваљак. Најдобар ефект се постигнува со работа во пар – еден молер ги бои аглите и ивиците, а другиот ѕидот. Никогаш немојте да го мокрите ваљакот во боја до дршката! Така бојата нема да се цеди. Ако не сте успеале да ја завршите работата во еден ден, добро затворете ги кантите, а утредента процедете ја бојата и продолжете со работа. Во спротивно на ѕидот може да се појават грутки и да го упропастите целиот дотогашен труд.

7. Појава на пена

Појавата на пена на свежо обоени ѕидови и појава на меури на исушен ѕид доаѓа поради претерано брзо и агресивно мешање на бојата при нејзината припрема во канта, каде се создаваат меури или при претерано брзо и агресивно нанесување на бојата на ѕидот, како и поради несоодветен ваљак или боја со слаб квалитет (боја со истечен рок на траење). Важно е да се знае дека секоја боја содржи меури во некоја мерка, но кај квалитетните бои тие веднаш пукаат и не оставаат трага.

8. Слаба покривност

Слабата покривност е неспособност на бојата во потполност да ја прекрие површината на која е нанесена и при тоа дава впечаток на провидност. Причина за ова е користењето на неквалитетни бои со малку врзно средство и неквалитетно полнило, како и некомпактибилност меѓу бојата и тонерот (пр. Бојата и тонерот не се од ист произведувач), неквалитетен ваљак, лошо разлевање на бојата или нанесување со брзина поголема од пропишаната од страна на произведувачот.

9. Лоша отпорност при одржување

Лоша отпорност при одржување настанува при користење на неквалитетни бои кои се означени како водопериви, а всушност не се, со користење на разни јаки абразивни средства за чистење и со перење на површината пред бојата потполна да се исуши. Површините кои треба да се чистат често треба да се пребојат со висококвалитетни водопериви бои, како BK-Pol Crystal.

10. Лесно задржување на нечистотии

До лесно задржување нечистотти доаѓа со користење на неквалитетни бои, поради нанесување на бои во еден слој и поради неадекватна подлога. Решение: Ѕидните површини поминете ги прво со основен премаз BK-Podloga. По сушењето на премазот (најмалку 6 часа), пристапуваме кон нанесување на посакуваната боја BK-Pol, BK-Pol Gold или BK-Pol Crystal.

11. Траги од ваљак

Причина за настанување на шари е несоодветен избор на ваљак или неквалитетено (непрофесионално) нанесување на боја на ѕидот, користење неквалитетни бои, неправилно нанесување на подлога и неадекватна припрема на површината. Важно е добро да се припреми ѕидот, да се избере квалитетна боја и квалитетен ваљак со заоблени ивици. Неопходно е ваљакот да се потопи во вода и добро да се исцеди пред работа. BK-Pol, BK-Pol Gold или BK-Pol Crystal боја нанесете во два слоја со пауза за сушење.

12. Прскање на боја

На почетниците често им се случува во текот на нанесувањето на боја со ваљакот да распрскаат наоколу. Причина за тоа е преразредена боја, користење на боја со слаб квалитет, вишок боја на ваљакот или доколку бојата се нанесува пребрзо.