fbpx
 (SR) +381 34 677 75 00       info@bekament.com

СИСТЕМИ ЗА ХИДРОИЗОЛАЦИЈА

Врз основа на долгогодишното искуство, компанијата Banja Komerc Bekament d.o.o. има развиено производи за хидроизолација кои со своите предности и карактеристики представуваат вистинско решение за заштита од влага и нејзина санација.

Клучни карактеристики на хидроизолационите премази се:

  • Водонепропусност
  • Флексибилност
  • Способност за премостување ситни пукнатини
  • Добра адхезија на различни подлоги
  • Отпорност од смрзнување / одмрзнување
  • Едноставна употреба

ХИДРОИЗОЛАЦИЈА ВО БАЊИ, ТУШ КАБИНИ И КУЈНИ

Мокрите јазли секојдневно се под влијание на влага и како такви представуваат опасност за останатите простории и објекти. Пред поставувањето на плочки во станбените објекти, површините кои повремено или постојано имаат контакт со вода (пр. Мокри јазли кои ќе бидат покриени со плочки, како бањи, туш кабини и кујни) треба да се хидроизолираат.

Припрема на површината:

Главен услов е површината да биде цврста, одпрашена, исчистена од масти, мувла, слабо-врзни делови и други супстанци кои можат негативно да влијаат на адхезија лепакот за керамика. Глатките, слабовпивливи површини да се премачкаат со структурна подлога BK-Beton Kontakt а кај високовпивливите површини треба да се користи BK-Podlogu разредена со вода во однос 1:4.

Хидроизолација на површината:

Хидроизолација на површините може да се изврши со еднокомпонентниот полимерцементен премаз BK-HidroStop 1. Нанесувањето се врши во два слоја, вкрстено со четка, при што дебелината на секој слој треба да биде околу 1mm. Вториот слој BK-HidroStop 1 може да се нанесе само по зацврстување на првиот (по 4-6 часа). Во нормални услови на сушење, керамиката може да се лепи по 24 часа.

Поставување на плочки:

Залепете ги плочките користејќи назабена глетарка при што длабочината на забите треба да биде 3-5mm и во зависност од димензијата на плочките, лепак SiproFix BK-90 (за керамички плочки, за внатрешна употреба), SiproFix BK-110 (за керамички плочки, за внатрешна и надворешна употреба) или SiproFix BK-160 (за керамички, мермерни и гранитни плочки, за внатрешна и надворешна употреба и за лепење плочка на плочка). Типот на лепакот прилагодете го на квалитетот на плочката. Доколку лепиме плочка на плочка, старите плочки треба да се премачкаат со BK-Bond за подобра врска со новите. Вградувањето се врши со нанесување на лепак на подлогата и на целата површина од плочката, а потоа се нанесуваат крстовите.

Фугирање:

Во производниот програм на BK-Fugomal, водоодбојна и фунгицидна фуг маса, достапна во 24 нијанси, погодна за внатрешна и надворешна употреба. Се нанесува со гумена глетарка или шпакла во дебелина 1-10mm.

ХИДРОИЗОЛАЦИЈА НА ПОДРУМИ

Припрема на површината:

Сите објекти кои се вкопани во земја мораат да имаат хидроизолација. Доколку од надворешна страна нема хидроизолација или попуштила, можеме да корегираме од внатрешна страна. При изолација на подруми кои се изведени од бетон, најкритични места каде најчесто доаѓа до продор на вода се споевите на ѕидовите со подот. Истотака треба да се санираат сите пукнатини во ѕидовите и подот поради можен продор на вода.

Хидроизолација на површината:
– За армирање на хидроизолациониот слој на аглите и споевите, се користи еластична водоотпорна трака за споеви, која се аплицира со помош на хидроизолациониот премаз BK-HidroStop 1. BK-HidroStop 1 е еднокомпонентен хидроизолационен премаз на полимерцементна основа. Наменет е за хоризонтална и вертикална изолација на потенцијално влажни простории (кујни, бањи, базени, подруми, тераси итн.). Се карактеризира со добра флексибилност и адхезија на различни подлоги како што се, бетон, цементен малтер, цигла и сл. Наменет е за внатрешна и надворешна употреба, за позитивен и негативен притисок на вода <=1,5bar. Материјалот не е предвиден за завршна обработка нити за перманентно потопување во вода без соодветен завршен премаз. Потребно е преку хидроизолациониот премаз да се нанесе висококвалитетна водоодбојна акрилна боја за заштита на бетонски површини BK-Bet, достапна во 14 нијанси.

ХИДРОИЗОЛАЦИЈА НА БАЗЕНИ И РЕЗЕРВОАРИ

Кај базените многу е важно да се почитуваат постапките за хидроизолирање, но и изборот на соодветни материјали. Мора да се изберат материјали кои трпат постојан контакт со вода.

Припрема на површината:

Подлогата на која се нанесува хидроизолациониот слој треба да биде рамна, носива, сува, без пукнатини и супстанци кои можат негативно да влијаат на адхезијата. Пред вградувањето на хидроизолацијата, подлогата мора прво да биде премачкана со соодветен премаз. Глатките слабовпивливи површини треба да се премачкаат со структурна подлога BK-Beton Kontakt а кај високовпивливите површини треба да се користи BK-Podlogu разредена со вода во однос 1:4.

Хидроизолација на површината:

За заптивање на површината потребни се најмалку два слоја хидроизолационен материјал, двокомпонентен полимерцементен премаз BK-HidroStop 2 кој се нанесува со четка со вкрстена постапка.

Поставување на плочи:

Нанесената хидроизолација после сушењето формира водонепропусен слој, што значи дека на таа површина треба да се нанесе флексибилен лепак како што е SiproFix BK-160.

Фугирање:

Во производниот програм на Bekament се наоѓа и BK-Fugomal, водоодбојна и фунгицидна фуг маса, достапна во 24 нијанси, погодна за внатрешна и надворешна употреба. Се нанесува со гумена глетарка или шпакла во дебелина 1-10mm.

ХИДРОИЗОЛАЦИЈА НА ТЕРАСИ

Во зависност од изложеноста на вода, терасите бараат специфично заптивање.

Припрема на површината:

Подлогата на која се нанесува хидроизолациониот слој треба да биде рамна, носива, сува, без пукнатини и супстанци кои можат негативно да влијаат на адхезијата. Пред вградувањето на хидроизолацијата, подлогата мора прво да биде премачкана со соодветен премаз. Глатките слабовпивливи површини треба да се премачкаат со структурна подлога BK-Beton Kontakt-om а кај високовпивливите површини треба да се користи BK-Podlogom разредена со вода во однос 1:4.

Хидроизолација на површината:

Нанесете два слоја BK-HidroStop Extra, еднокомпонентен екстра флексибилен хидроизолационен премаз на база на полимер и цемент, со четка, во вкрстена постапка. BK-HidroStop Extra се карактеризира со исклучителна флексибилност, добра адхезија на различни подлоги, како што се бетон, цементен малтер, цигла и сл. Наменет е за внатрепна и надворешна употреба, за позитивен и негативен притисок на вода <=1,5bar. Поради својата исклучителна флексибилност погоден е за заштита на бетонски површини кои се изложени на напрегања. Материјалот не е предвиден за завршна обработка на површини, нити за перманентно потопување во вода без соодветен завршен премаз.

Поставување на плочки:

Нанесената хидроизолација после сушењето формира водонепропусен слој, што значи дека на таа површина треба да се нанесе флексибилен лепак како што е SiproFix BK-160. Поплочувањето може да се изведе после 24 часа од нанесувањето на вториот хидроизолационен слој.

Фугирање:

Во производниот програм на Bekament се наоѓа и BK-Fugomal, водоодбојна и фунгицидна фуг маса, достапна во 24 нијанси, погодна за внатрешна и надворешна употреба. Се нанесува со гумена глетарка или шпакла во дебелина 1-10mm.

ХИДРОИЗОЛАЦИЈА НА РАМКИ КРОВОВИ

Припрема на површината:

Подлогата на која се нанесува хидроизолациониот слој треба да биде рамна, носива, сува, без пукнатини и супстанци кои можат негативно да влијаат на адхезијата. Одговара на сите типови на бетонски подлоги (постари од 3 месеци). Старите бетонски површини е неопходно добро да се измијат со топла вода за да се одстранат сите присутни нечистотии. Кај старите површини потребно е да се одстранат сите делови кои се слабо врзани со подлогата, а нерамнините и пукнатините да се пополнат со репаратурен малтер. Малите пукнатини на подлогата поголеми од 0,5 mm, треба да се исполнат со армиран флексибилен материјал.

Хидроизолација на површината:

BK-Fleksхидроизолациона еластична дисперзија на водена база наменета за санација и заштита на рамни кровови. Има добра адхезија со бетон, а исушениот слој се одликува со висока еластичност и водоодбојност. Површините на кои се нанесува премазот мора да имаат минимален пад и парна брана. Хидроизолациониот премаз се нанесува со четка. Препорачливо е премазот да се армира со мрежичка од стаклени влакна додека првиот слој е сеуште свеж. По потполно сушење на првиот слој се нанесува втор, а по потреба и трет слој. Потребно време на сушење за секој слој поединечно е мин.6 часа. Пред потполно зацврстување неопходно е премазот да се заштити од директно влијание на дожд, брзо сушење и мраз.