fbpx
 (SR) +381 34 677 75 00       info@bekament.com

Тренинг центар

На падините на планината Венчац, во склоп на седиштето на компанијата Banja Komerc Bekament, ја отворивме вратата на Bekament Тренинг Центарот за стручно едуцирање на фасадери, молери, плочкари и паркетари. Тренинг центарот е достапен на секој кој сака да се увери во квалитетот на Bekament производите и да ги испроба материјалите со стручна подршка од техничката служба. Центарот работи во соработка со врвен тим технолози кои секојдневно вршат контрола во најсовремена лабораторија, во склоп на компанијата.

Тренинг центарот се простира на 1000м2 со модерно опремени простории. Во склоп на тренинг центарот, посетителите можат да ги уживаат сите услови за утврдување на теоретско и практично знаење за сите фази од завршните работи во градежништвото. Самото функционирање и едукација во тренинг центарот е осмислена на тој начин да понуди широк опсег на знаење кое нашите стручни лица го пренесуваат при презентациите, во предавална која физички е одвоена од просторијата за практична настава, и паралелно претставувајќи ни задоволство во размената на искуства во делот за практична настава.

Цел на овој тренинг центар е професионална, теориска и практична едукација за производите на Bekament за сите оние кои сакаат да го збогатат своето знаење, стручна понуда и искуство во полето на завршни градежни работи.

Доколку сакате да бидете дел од Bekament тренинг центарот, потполните формулар и ние ќе ве контактираме во најкус рок да закажеме предавање,

Со почит,
Компанија Banja Komerc Bekament
20140514_115106

Формулар

 

Провера