АПЕЛ ЗА ВКЛУЧУВАЊЕ НА СИТЕ ПРАВНИ И ФИЗИЧКИ ЛИЦА ВО БОРБАТА ПРОТИВ ВИРУСОТ COVID-19
Во борбата против глобалната епидемија, од исклучително значење е да се зачува здравјето на нашиот медицински персонал како една од најризичните групи, директно изложени на изворот на инфекцијата. Чувајќи ги нив, ние го чуваме целосниот здравствен систем на нашата земја, кој, од прва линија, нè штити во оваа тешка борба.
Фондацијата Bekament започна акција за собирање средства за итна помош за здравствените работници во општина Аранѓеловац и ги повикува сите луѓе со добра волја да се вклучат, и сите во рамките на своите можности, да донираат парични средства за да се искористат за купување на потребните медицински материјали за здравствена заштита, кои вклучуваат хируршки маски, хируршки ракавици и заштитни визири – очила.
Средствата можете да ги уплатите на следнава жиро сметка на Фондацијата Bekament бр: 265-3610310000715-98, со цел за дознака “Донација за наменска помош за здравствените работници”.
Евентуалниот остаток од паричните средства ќе бидат пренасочени на хуманитарната организација Црвен крст Аранѓеловац.
———————-
Фондацијата Bekament ви се заблагодарува за подготвеноста да работиме заедно во борбата против ширењето на вирусот КОВИД -19 и за чувањето на здравјето на нашиот народ.
ДА БИДЕМЕ ОДГОВОРНИ И СОЛИДАРНИ. ДА СЕ ГРИЖИМЕ ЕДНИ ЗА ДРУГИ.