BK-AQUA EMAJL

Завршен премаз за дрво и метал

BK-AQUA EMAJL

Калкулатор на потрошувачка

Потребни Ви се l од овој производ

ПРИМЕНА

Универзален завршен премаз за дрво и метал на водена база. Погоден е за декорација и заштита на дрво во надворешна и внатрешна средина, како и за премачкување на помалку оптеретени метални површини во ентериерот. Погоден е за декоративна заштита на прозорци, врати, ролетни, градинарска столарија, огради и сл. Квалитетната смола во синергија со УВ-стабилните пигменти, му дава оптимална заштита на дрвото од дејството на УВ зраците, влагата и останатите надворешни влијанија. Производот нема непријатен мирис.

ПОДГОТОВКА И НАНЕСУВАЊЕ

Површината за нанесување мора да биде сува, чиста и исполирана. Пред употреба, пукнатините на дрвото треба да се исполнат со кит. Пред употреба бојата треба добро да се хомогенизира, по потреба да се разреди со вода до 5% за нанесување со четка или валец, а дo 10 % ако се нанесува со прскање. Дрвените елементи изложени се на надворешни влијанија, пред првото боење потребно е дрвото да се заштити од дејство на мувли и паразити со нанесување на средството BK-Protecta. Пред нанесувањето на финалниот премаз потребно е да се нанесе прајмерот BK-AquaPrime, a потоа BK-AquaEmajl во два слоја. Времето потребно за сушење помеѓу слоевите изнесува 4-6 h при нормални услови (23°C и 50-60 % р.в.в.). За подетални упатства видете го техничкиот лист на производот.

НАПОМЕНA

Со зголемување на разредувањето се намалува покривноста на премазот. Различните серии од производот претходно да се соединат.

TEМПЕРАТУРА НА ПРИМЕНА

Oд +5°C дo +30°C. Да не се работи на директно сонце, дожд, силен ветар и р.в.в. >80 %.

ПОТРОШУВАЧКA

60-80 ml/m² за еднослоен нанос.

РОК НА ТРАЕЊЕ И СКЛАДИРАЊЕ

18 месеци во оригинално затворена aмбалажа. Да се складира на температура од +5°C дo +25°C, заштитено од сончева светлина и од замрзнување.

БOJA

Бел, слонова коска RAL 1015, жолт RAL 1018, окер, црвен RAL 3020, кафен RAL 8017, син RAL 5017, зелен RAL 6001, сив RAL 7001 и црн RAL 9005 + нијанси според RAL тон картата.

ПАКУВАЊE

650 ml