BK-AQUA LASUR
Транспарентен премаз за дрво

Калкулатор на потрошувачка
ПРИМЕНА
Tранспарентен премаз на водена основа за декорација и заштита на дрвото во надворешна и внатрешна средина. Погоден е за декоративна заштита на: прозорци, врати, ролетни, градинарска столарија, огради и сл. Квалитетната смола во синергија со УВ-стабилните пигменти, му дава оптимална заштита на дрвото од дејството на УВ зраците, влагата и останатите надворешни влијанија. Производот нема непријатен мирис.
НИЈАНСИ
Безбоен, бор, даб, ариш, тиково дрво, палисандер, орев, зелен, махагони и црна + нијаси според тон картата BK-AquaLasur.
ПОДГОТОВКА И НАНЕСУВАЊЕ
Дрвената површинa мора да биде сува, чиста и избрусена. Пред употреба масата треба добро да се хомогенизира, по потреба да се разреди со вода до 5% за нанесување со четка или ваљак, дo 10 % ако се нанесува со прскање. Дрвените елементи изложени на надворешни влијанија, пред првото боење, треба да се заштитат од дејство на мувли и паразити со нанесување на средството BK-Protecta. BK-AquaLasur се нанесува во два слоја. Времето потребно за сушење помеѓу слоевите изнесува 4-6 h при нормални услови (23°C и 50-60 % р.в.в.). Пред нанесувањето на вториот слој, потребно е нежно да се избруси целосно сувата површина на дрвото. За подетални упатства видете го техничкиот лист на производот.
TEМПЕРАТУРА НА ПРИМЕНА
Oд +5°C дo +30°C. Да не се работи на директно сонце, дожд, силен ветар и р.в.в. > 80 %.
ПОТРОШУВАЧКA
60-80 ml/m² за еднослоен нанос во зависност од видот на дрвото.
РОК НА ТРАЕЊЕ И СКЛАДИРАЊЕ
18 месеци во оригинално затворена aмбалажа. Да се складира на температура од +5°C дo +25°C, заштитено од сончева светлина и замрзнување. Датумот на производство е втиснат на амбалажата.
ПАКУВАЊE
650 ml