BK-BRIV UNIVERSAL

Декоративен минерален малтер за внатрешни ѕидови

BK-BRIV UNIVERSAL

Калкулатор на потрошувачка

Потребни Ви се kg од овој производ

ПРИМЕНА

Племенит минерален тенкослоен малтер на варово-цементна база, наменет за сите видови фино израмнети подлоги од варово-цементни и цементни малтери, наменет за внатрешна употреба.

СТРУКТУРАТА НА МАЛТЕРОТ

Rajb (зарибана – rille) и Ful (полна – kratz).

ПОДГОТОВКА И НАНЕСУВАЊЕ

Подлогата врз која ќе биде нанесен малтерот мора да биде цврста, чиста и сува, без слабо врзани делови, масни дамки и сл. Во зависност од моќта на впивањето и квалитетот на подлогата, претходниот ден по потреба, подлогата да се грундира со BK-Grund Universal. Во случај на високо абсорбирачки подлоги, се препорачува нанесување на BK-Nivelator, додека во случај на слаби и трошни подлоги потребно е на површината да се нанесе BK-Penetrat пред нанесувањето на малтерот. Времето на сушење на подлогата е минимум. 12 часа. Малтерот се подготвува со додавање околу 24-26% вода ( 25kg прав во околу 6-6,5l вода) и со интензивно мешање, сé додека не се постигне целосна хомогенизација, потоа смесата се остава да одстои 10 min, па пак се промешува. Малтерот се нанесува со челична глетарка со дебелина на најкрупното зрно. Во зависност од саканата структура, малтерот потоа се обработува со пластична глеталка и тоа: Ful (полна – kratz) структура-веднаш по нанесувањето, да се структурира со кружно движење, Rajb (зарибана – rille) структура – кратко по нанесувањето да се структурира со кружни или прави движења дури не се постигне саканата структура. За подетални упатства да се погледне во техничкиот лист за производот.

ПРИМЕНА НА ПРОИЗВОДОТ НА ТЕМПЕРАТУРА

Од +5°C до +30°C.

ПОТОШУВАЧКА

Околу 2,5-3,5 kg/m², во зависност од саканата структура и гранулација.

РОК НА ТРАЕЊЕ И СКЛАДИРАЊЕ

12 месеци спакуван во оригиналната амбалажа, во сува просторија, подигнат врз палети.

ПАКУВАЊE

25 kg