BK-DECO ACRYL

Подлога за декоративни материјали

BK-DECO ACRYL

Калкулатор на потрошувачка

Потребни Ви се l од овој производ

ПРИМЕНА

Акрилна подлога наменета за изедначување, неутрализација, и подобрување на нанесувањето на внатрешни декоративни материјали. Поради своите фини честички создава фина релјефна површина на која лесно се нанесуваат спомнатите материјали. BK-DecoAcryl подлога може да се тонира со средствата за нијансирање BK-Color, доколку е потребно.

ПОДГОТОВКА И НАНЕСУВАЊЕ

Површината врз која се нанесува оваа подлога мора да е цврста, чиста и сува, без остатоци на масла и мрснотии. Подлоги кои се сметаат како погодни за нанесување на BK-Deco Acryl се сите површини израмнети со BK-GletEx Universal или со BK-GletEx Acryl. Пред употреба, BK-Deco Acryl подлогата треба да се промеша и разреди со околу 10 % вода (околу 0,1 l вода). Подлогата најчесто се нанесува со ваљак со долги влакна или со четка во еден слој (да се нанесува со вкрстени движења на раката со што се создава дополнителна структура). Потребно време за сушење изнесува 6 h. За подетални упатства да се погледне во техничкиот лист за производот.

ПОТОШУВАЧКА

Околу 130-150 ml/m², во зависност од моќта на впивањето на површината.

РОК НА ТРАЕЊЕ И СКЛАДИРАЊЕ

18 месеци спакуван во оригиналната амбалажа. Да се складира на температура од +5°C до +25°C, заштитен од сончевата светлина и замрзнување.

ПАКУВАЊE

1l