BK-DEKOR

Декоративен минерален малтер за внатрешни ѕидови "Шпански зид"

BK-DEKOR

Калкулатор на потрошувачка

Потребни Ви се kg од овој производ

Содржи калциум-хидроксид и бел лебед портланд цемент.

ПРИМЕНА

Минерална прашкаста смеса наменета за заштита и декорација на внатрешни ѕидни површини. Поради можноста да биде нанесен како подебел нанос во еден слој, Може да се употребува и како прв слој при глетување на внатрешни темелни погруби малтери.

ПОДГОТОВКА И НАНЕСУВАЊЕ

Подлогата врз која ќе биде нанесен малтерот мора да е цврста, чиста и сува и по потреба да е импрегнирана со BK-Podlogа, доколку површините се слабовпивливи. Се подготвува со замешување на правот со околу 38-40% вода и интензивно мешање сé додека смесата не стане целосно хомогена. Смесата се остава да отстои 10 минути, а потоа пак добро се меша. Смесата се нанесува со метална глетарка, а завршната обработка се прави со помош на ваљак од сунѓер, гумен или пластичен, во зависност од структурата којашто сака да се постигне. За подетални упатства да се погледне во техничкиот лист за производот.

ПОТРОШУВАЧКА

Околу 2-3 kg/m², зависно од саканата структура и квалитетот на подлогата.

РОК НА ТРАЕЊЕ И СКЛАДИРАЊЕ

12 месеци во оригиналната амбалажа во сув простор подигнат на палети.

ПАКУВАЊE

25kg