BK-Delux Matt
Висококвалитетна акрилна водоперива дисперзија за внатрешни ѕидови
Калкулатор на потрошувачка
ПРИМЕНA
Водоперива, дисперзна боја со висока белина изработена на база на висококвалитетна акрилна дисперзија, наменета за внатрешна употреба. Се произведува во различни нивоа на сјај: полумат и мат. Поседува одлична отпорност на триење, разлевање и покривна моќ. Може да се чисти со вода, универзално средство за чистење и со средства за дезинфекција. Применлива е за декоративна заштита на внатрешни ѕидни и плафонски површини во станбени, деловни и јавни објекти, како и таму кај што има потреба за повремено чистење на ѕидните површини. Влегува во групата еколошки ѕидни бои кои не се штетни по здравјето на луѓето и околината. Не содржи органски растворувачи.
ПОДГОТОВКА И НАНЕСУВАЊЕ
Површината на која се нанесува бојата мора да биде цврста, чиста, сува и импрегнирана со BK-Подлога. Подготовката на бојата се врши со додавање на околу 5-10 % вода (0,05-0,1 l вода за пакување од 1 l, 0,125-0,25 l вода за пакување од 2.5 l, 0,25-0,5 l вода за пакување од 5 l, 0,5-1 l вода за пакување од 10 l), со добро мешање до постигнување на целосна хомогенизација. Обично се нанесува со ваљак со кратки влакна и по потреба со четка или прскање, најчесто во два слоја. Нанесувањето на вториот слој се врши по целосното сушење на првиот слој, што при нормални услови (T=+23-25 ºC, релативна влажност на воздухот = 50-60 %) бара околу 4-6 ч. Дополнителните корекции на бојата во текот на вградувањето (дополнително разредување, додавање на пигменти и сл.) не се дозволени. За детални упатства погледнете го техничкиот лист на производот.
ПОТРОШУВАЧКA
Oколу 65-75 ml/m2 за двослоен премаз.
РОК НА УПОТРЕБА И СКЛАДИРАЊЕ
36 месеци во оригинално спакувана амбалажа. Да се складира на температура од +5C дo +25C, заштитено од сончева светлина и замрзнување.
ПАКУВАЊЕ
1 л; 2.5 л; 5 л; 10 л