BK-Dur XPS

Плочи од екструдиран полистирен

BK-Dur XPS

Калкулатор на потрошувачка

Потребни Ви се m2 од овој производ

ПРИМЕНА

BK-Dur, е термоизолациона плоча изработена од екструдирана полистиренска пена, со ребраста површинска структура (вафла), отпорна на вода (влага) и високи потисни оптоварувања. Наменета е за изолација на новоградба и за реновирање на постоечки објекти. Tврдо пресуваните плочи од полистиренска пена со структура на затворени клетки, на зградата ѝ овозможуваат да „дише”. Oва се постигнува со посебна мешавина и состав на клетки во комбинација со обработена површина. Се применува за изолација на темели, изолација на подови со големо потисно оптоварување, периметарна изолација, изолација на рамни покриви.

ВГРАДУВАЊЕ

Производот би требало да се применува до препорачаната температура. При изложување на повисока температура од препорачаната, што изнесува најмногу 750C, плочите можат да омекнат, трајно да се деформираат, да ги променат димензиите, да се стопат или да станат крути и да ги изгубат механичките својства. Производот смее да се лепи само со лепила на база на цемент, битумен или пластични материјали. Лепилото не смее да содржи хемиски растворени средства, кои можат да реагираат со плочите на начин да ги омекнат, да предизвикаат собирање, па дури и топење, што може да резултира со губење на основните својства. Производот се вградува во согласност со општите правила за изведување на термоизолациони работи во градежништвото.

ДИМЕНЗИИ НА ПЛОЧАТА

1250 x 600 mm, дебелина 20 – 200 mm. По специјално барање на клиентот, можно е да се направат плочи од други димензии.

ПАКУВАЊE

Пакет обвиткан со непроѕирна PE фолија со волумен 0,30 m3 ( во зависност од дебелината на спакуваните плочи).

СКЛАДИРАЊЕ

Да се складира во покриени простори, подалеку од извори на топлина и пламен. Да не се изложува на УВ зраци. Да се спречи контакт со некомпатибилни хемикалии и материјали (органски растворувачи, нафта и сл.).