BK-FAS COLOR

Акрилна дисперзија за надворешни ѕидови полн тон

BK-FAS COLOR

Калкулатор на потрошувачка

Потребни Ви се kg од овој производ

ПРИМЕНА

Нијансирана дисперзиона боја изработена врз база на висококвалитетна акрилна емулзија. Се применува како декоративна заштита на елементи врз нови, квалитетни, но и врз стари фасадни површини. Се употребува и како средство за нијансирање на дисперзиони бои и фасадни малтери. Се карактеризира со одлична водоодбивност, отпорна е на UV зрачење и на атмосферските влијанија. Поради голема отпорност, бојата е погодна и за примена на внатрешни ѕидови во јавни објекти.

ПОДГОТОВКА И НАНЕСУВАЊЕ

Подлогата врз која се нанесува дисперзијата мора да е цврста, чиста, сува и премачкана со BK-Acryl подлога.

ПОДГОТВУВАЊЕ НА БОЈАТА

Со додавање на max. 5-10 % вода (50-100 ml), со добро мешање сé додека не се постигне целосна хомогенизација. BK-Fas Color се нанесува во два слоја, обично со помош на ваљак со долги влакна. Вториот слој се нанесува откако првиот целосно ќе се исуши за што под нормални услови (Т=+23°-25°C, релативна влажност на воздухот 50-60 %) е потребно 4-6h. Врз континуални површини потребно е да се работи рамномерно и без прекин. За подетални упатства да се погледне во техничкиот лист за производот.

ПРИМЕНА НА ПРОИЗВОДОТ НА ТЕМПЕРАТУРА

Од +5°C do +30°C. Да не се работи при директно сончево зрачење, за време на дожд ниту при силен ветер.

ПОТОШУВАЧКА

Кога се употребува за тонирање, во зависност од саканата нијанса, а доколку се употребува како самостојна боја, потрошувачката е околу 0.25 kg/m², во зависност од впивањето и рапавоста на подлогата.

РОК НА ТРАЕЊЕ И СКЛАДИРАЊЕ

18 месеци спакуван во оригиналната амбалажа. Да се складира на температура од +5°C до +25°C, заштитен од сончевата светлина и замрзнување.

ПАКУВАЊЕ

1 кг