BK-Fas Shine

Tранспарентен премаз со метален ефект

BK-Fas Shine

Калкулатор на потрошувачка

Потребни Ви се l од овој производ

ПРИМЕНA

BK-Fas Shine е транспарентен, декоративен премаз со блескави честички кои даваат ефект на метален сјај. Се препорачува за надворешна и внатрешна употреба. Премазот е водоотпорен и отпорен е на временски услови.

ПОДГОТОВКА И НАНЕСУВАЊЕ

Пред употреба масата во кантата да се измеша со миксер со мала брзина. BK-Fas Shine е подготвен за употреба без додавање на вода. Се нанесува со ваљак или со распрскувач – компресор (пиштол за боја со млазница 4 mm) со притисок од 2-4 барa. При нанесувањето да се посвети внимание на рамномерна брзина на движењето и изедначено растојание од површината. Комплетниот ефект на премазот се согледува на сончани површини.

TEМПЕРАТУРА НА ПРИМЕНА

Teмпературата на воздухот и подлогата при вградувањето треба да биде во опсегот од +5 ºC дo +30 ºC. Премазот е сув на допир по 8-10 ч. во зависност од условите на местото на вградување. Високата влажност и ниските температури можат да доведат до подолго сушење и промена во изгледот на премазот.

ПОТРОШУВАЧКA

100-150 ml/m² во зависност од дебелината на наносот и техниката на нанесување.

РОК НА ТРАЕЊЕ И СКЛАДИРАЊЕ

Рок на употреба: 18 месеци. Датумот на производство е втиснат на амбалажата. Да се складира на температура од +5°C дo +25 ºC, заштитено од сончева светлина и замрзнување.

ПАКУВАЊЕ

15 l.