BK-FAS SILICAT

Силикатна дисперзија за надворешни ѕидови

BK-FAS SILICAT

Калкулатор на потрошувачка

Потребни Ви се kg од овој производ

ПРИМЕНА

Силикатна дисперзиона боја за заштита и декорација на надворешни и внатрешни ѕидни површини, којашто се карактеризира со одлична паропропусност и добра покривна моќ. Поради специфичниот начин на кој се врзува со подлогата, погодна е за употреба при санација на фасадните површини на стари објекти и на споменици на културата. Отпорна е на UV зрачење и на атмосферски влијанија.

ПОДГОТОВКА И НАНЕСУВАЊЕ

Подлогата врз која се нанесува бојата треба да е цврста, чиста, сува и премачкана со BK-Grund Silicat подлога. Подготвување на бојата: со додавање околу 10% вода (0,5 l вода за пакување од 5 kg, 0,8 l вода за пакување од 8 kg, 2,5 l вода за пакување од 25 kg), со добро мешање сé додека не се постигне целосна хомогенизација. BK-Fas Silicat обично се нанесува со помош на ваљак со долги влакна, во два слоја. Вториот слој се нанесува откако првиот целосно ќе се исуши за што под нормални услови (Т=+23-25°C, релативна влажност на воздухот = 50-60%) е потребно 4-6h. Врз континуални површини потребно е да се работи рамномерно и без прекин. Висок процент на влага и ниски температури може да го продолжат времето на врзување и да влијаат врз изедначеност на нијансите. При нанесувањето неопходна е употреба на заштитно завеса. За подетални упатства да се погледне во техничкиот лист за производот.

ПРИМЕНА НА ПРОИЗВОДОТ НА ТЕМПЕРАТУРА

+15°C do +30°C, релативна влажност да не биде поголема од 70%. Да не се работи при директно сончево зрачење, за време на дожд ниту при силен ветер.

ПОТОШУВАЧКА

Околу 0.35 kg/m², во зависност од впивањето и рапавоста на подлогата.

РОК НА ТРАЕЊЕ И СКЛАДИРАЊЕ

12 месеци спакуван во оригиналната амбалажа. Да се складира на температура од +5°C до +25°C, заштитен од сончевата светлина и замрзнување.

ПАКУВАЊЕ

5 кг; 8 кг; 25 кг