BK-FAS SILICON

Силиконска дисперзија за надворешни ѕидови

BK-FAS SILICON

Калкулатор на потрошувачка

Потребни Ви се l од овој производ

ПРИМЕНА

Силиконска дисперзиона боја за заштита и декорација на нови и стари фасадни површини. Направена е на база на висококвалитетни силиконски смоли, има одлична моќ на прекривање и водоодбивност, добра паропропусност, отпорна е на UV зрачење и на атмосферски влијанија. Поради голема отпорност, погодна е и за примена на внатрешни ѕидови во јавни објекти.

ПОДГОТОВКА И НАНЕСУВАЊЕ

Подлогата на која се нанесува дисперзијата мора да е цврста, чиста, сува и премачкана со BK-Ultra Prime подлога. Подготвување на бојата со додавање околу 10% (л/л) вода (0,3l вода за пакување од 3l, 0,5l вода за пакување од 5l, 1,5l вода за пакување од 15l), со добро мешање сé додека не се постигне целосна хомогенизација. BK-Fas Silicon обично се нанесува со помош на ваљак со долги влакна, во два слоја. Вториот слој се нанесува откако првиот целосно ќе се исуши за што при нормални услови (Т=+23-25°C, релативна влажност на воздухот = 50-60%) е потребно 4-6h. На континуални површини потребно е да се работи рамномерно и без прекин. За подетални упатства да се погледне во техничкиот лист за производот.

ПРИМЕНА НА ПРОИЗВОДОТ НА ТЕМПЕРАТУРА

+5°C do +30°C. Да не се работи на директно сонце, за време на дожд ниту при силен ветер.

ПОТОШУВАЧКА

Околу 150-250 мл/м², во зависност од впивањето и рапавоста на подлогата.

РОК НА ТРАЕЊЕ И СКЛАДИРАЊЕ

18 месеци спакуван во оригиналната амбалажа. Да се складира на температура од +5°C до +25°C, заштитен од сончева светлина и замрзнување.

ПАКУВАЊЕ

3 л; 5 л; 15 л