BK-FIL

Смеса за пополнување споеви помеѓу гипс-картонски плочи

BK-FIL

Калкулатор на потрошувачка

Потребни Ви се kg од овој производ

ПРИМЕНА

Смеса на гипсена база за исполнување и армирање на споеви (фуги) кај гипс-картонски плочи и за пополнување нерамнини во плочите (од шрафови, разни оштетувања итн).

ПОДГОТОВКА И НАНЕСУВАЊЕ

Подлогата на која ќе биде нанесена гипсната смеса мора да е цврста, чиста и сува, без лошо врзани делови, мрсни дамки и сл. Подготовката на смесата се врши со мешање на правта со околу 55% вода ( 5kg прав во околу 2,75l вода), со константно мешање со електричен миксер до целосна хомогенизација. Исполнувањето со смесата се прави во соодветна дебелина сé додека не се постигне израмнување со површината на плочата. Широчина на нанесениот слој требе да биде 20-25 cm, а потоа во така нанесен слој се поставува армирачка бандаж лента која се втиснува со глетарката. Вториот слој на BK-Fil се нанесува во широчина од 25-30 cm откако првиот слој ќе биде исушен и со него се израмнува површината којашто се армира. Доколку после сушењето останат некои нерамнини, тие се отстрануваат со брусна хартија. За подетални упатства да се погледне во техничкиот лист за производот.

ПРИМЕНА НА ПРОИЗВОДОТ НА ТЕМПЕРАТУРА

Од +5°C до +30°C.

ПОТРОШУВАЧКА

Околу 0,35-0,45 kg/m².

РОК НА ТРАЕЊЕ И СКЛАДИРАЊЕ

12 месеци во оригиналната амбалажа во сув простор подигната на палети.

ПАКУВАЊE

25 kg