BK-Fugomal
Водоотпорна смеса за фугирање

Калкулатор на потрошувачка
ПРИМЕНА
Висококвалитетна , водоотпорна смеса за фугирање на керамички и стаклени плочки, како и на плочки од вештачки и природен камен врз хоризонтални и вертикални површини. Производот е наменет за фуги со широчина до 10 mm, за внатрешна и за надворешна употреба. Отпорен е на мувла. Достапен е во 24 нијанси.
ПОДГОТОВКА И НАНЕСУВАЊЕ
Пред нанесување на фуг смесата, фугите да се исчистат од остатоци на лепак и прашина. Доколку се фугираат плочки со висок степен на впивање или доколку се работи на високи температури, фугите да се наводенат 1 h пред почеток на фугирање. Подготвување се врши со додавање на смеса во околу 30% вода (2 kg праха во 600 ml вода) , со константно мешање со електричен миксер, до добивање на хомогена маса. Откако е подготвена, смесата да се искористи во рок од 1 час. Се нанесува со помош на гумена глетарка или глетарка под агол од 45°, така што фугата да биде добро исполнета со смасата за фугирање. После 20-30 минути, кога смесата површински ќе зацврсне, плочките треба да се избришат со влажен сунѓер дијагонално во однос на поставените плочки, а потоа да се исполира со сува крпа. Врз подни плочки може да се гази најрано 8 часа после фугирањето, доколку сушењето се одвива при нормални услови. За подетални упатства да се погледне во техничкиот лист за производот.
ПРИМЕНА НА ПРОИЗВОДОТ НА ТЕМПЕРАТУРА
Од +5°C do +25°C. Висок степен на влажност и ниски температури може да го продолжат времето на зацврстувањето на смесата за фугирање.
НАПОМЕНА
Кога се фугираат порозни плочки, се препорачува претходно пробно фугирање. Доколку лепакот не е добро исушен, постои можност бојата на фуг смесата да се промени. Фуг смесата не е погодна за природен камен кој е подложен на промена на бојата.
ПОТОШУВАЧКА
Околу 0,3-0,8 kg/m², во зависност од ширината на фугите и големина на плочките.
РОК НА ТРАЕЊЕ И СКЛАДИРАЊЕ
24 месеци во оригиналната амбалажа во сува просторија подигнат врз палети.
ПАКУВАЊE
2kg