BK-GletEx Acryl

Maса за израмнување на внатрешни ѕидови на акрилна база

BK-GletEx Acryl

Калкулатор на потрошувачка

Потребни Ви се kg од овој производ

ПРИМЕНА

Подготвена глет смеса за машинско и рачно израмнување на внатрешни ѕидови.

ПОДГОТОВКА И НАНЕСУВАЊЕ

Подлогата на која се нанесува треба да биде цврста, чиста и сува, а доколку се применува на високовпивлива подлога, треба предходно да биде импрегнирана со BK-Ultra Prime или BK-Nivelator. Смесата обично се нанесува во два слоја, рачно, со челична глетарка, со вкупна дебелина до 3 mm. После машинско нанесување, површината рачно да се израмни со глетарка за да се отстрани вишокот материјал. Вториот слој се нанесува дури откако првиот слој целосно ќе биде исушен, а доколку после нанесувањето на секој слој евентуално се јават набори и нерамнини, истите треба да се обработат со брусна хартија со грубост помеѓу 180-240, во зависност од техниката и намената. За подетални упатства да се погледне во техничкиот лист за производот.

ПОТРОШУВАЧКА

Околу 1.5-2 kg/m².

РОК НА ТРАЕЊЕ И СКЛАДИРАЊЕ

До 12 месеци во оригиналната амбалажа. Да се складира на температура од +5°C do +25°C, заштитено од сончевата светлина и замрзнување.

ПАКУВАЊE

3 кг; 8 кг; 25 кг