BK-GletEx Universal

Смеса за машинско и рачно рамнење на внатрешни ѕидови

BK-GletEx Universal

Калкулатор на потрошувачка

Потребни Ви се kg од овој производ

ПРИМЕНА

Смеса за израмнување на внатрешни ѕидови во тенок слој. Се користи за рачно и машинско нанесување со вкупна дебелина од најмногу 3 mm во два слоја.

ПОДГОТОВКА И НАНЕСУВАЊЕ

Подлогата на која се нанесува BK-GletEx Universal мора да биде цврста, чиста и сува, без слабо врзани делови, масни дамки и сл. Во случај на нанесување на квалитетни минерални површини, како и на добро прифатени дисперзивни бои, потребно е површината претходно да се премачка со BK-Ultra Prime со цел остварување на подобро прифаќање на глет масата. Во случај на високо апсорбирачки површини, може да се изврши импрегнација и со BK-Nivelator. Во случај на површини кои се лупат, трошат и/или распрскуваат потребно е да се отстранат сите слабо врзани слоеви, а потоа да се изврши импрегнација на подлогата со BK-Penetrat. Подготвување на смесата: прашокот се додава во околу 37% вода (25kg прав во околу 9,0-9,5l вода) , сé додека смесата не стане хомогена и без грутки. Смесата треба да одстои околу 10 минути, е пак да се измеша и по потреба за добивање на конзистентна смеса, да се додаде уште вода . Смесата обично се нанесува во два слоја, машински или рачно со вкупна дебелина до 3 mm. Вториот слој се нанесува дури откако првиот слој целосно ќе се исуши, а доколку евентуално се јават набори и нерамнини после нанесувањето на секој слој, може да се обработат со брусна хартија со грубост помеѓу 180-240, во зависност од техниката и намената. За подетални упатства да се погледне во техничкиот лист за производот.

ПОТРОШУВАЧКА

Околу 1-1,5 kg/m², зависно од рапавоста на подлогата.

РОК НА ТРАЕЊЕ И СКЛАДИРАЊЕ

12 месеци во оригиналната амбалажа во сув простор на палети.

ПАКУВАЊE

25 kg