BK-GletEx

Maса за израмнување на внатрешни ѕидови

BK-GletEx

Калкулатор на потрошувачка

Потребни Ви се kg од овој производ

ПРИМЕНА

Глет смеса на варова база, во вид на прашок, за израмнување на внатрешни ѕидови во тенок слој. Се користи за рачно нанесување во два слој со вкупна максимална дебелина до 4 mm.

ПОДГОТОВКА И НАНЕСУВАЊЕ

Подлогата на која се нанесува BK-GletEx мора да биде цврста, чиста и сува, без слабо врзани делови, масни дамки и сл. Во случај на нанесување на квалитетни минерални површини, како и на добро прифатени дисперзивни бои, потребно е површината претходно да се премачка со BK-Ultra Prime со цел остварување на подобро прифаќање на глет масата. Во случај на високо апсорбирачки површини, може да се изврши импрегнација и со BK-Nivelator. Во случај на површини кои се лупат, трошат и/или распрскуваат потребно е да се отстранат сите слабо врзани слоеви, а потоа да се изврши импрегнација на подлогата со BK-Penetrat. Подготвување на смесата се врши така што прашокот се додава во околу 36% вода (5kg прав во околу 1.8l вода, 25kg прав во околу 9l вода, сé додека смесата не стане хомогена и без грутки. Смесата треба да одстои 10 минути, а пред нанесување пак да се измеша. Смесата обично се нанесува во два слоја, рачно, со метална глетарка, со вкупна дебелина до 4 mm. Вториот слој се нанесува дури откако првиот слој целосно ќе биде исушен, а доколку се јават набори и нерамнини после нанесувањето на секој слој, истите може да се обработат со брусна хартија со грубост помеѓу 180-240, во зависност од техниката и намената. За подетални упатства да се погледне во техничкиот лист за производот.

ПОТРОШУВАЧКА

Околу 1-1.5 kg/m², во зависност од дебелината на наносот.

РОК НА ТРАЕЊЕ И СКЛАДИРАЊЕ

12 месеци во оригиналната амбалажа во сув простор на палети.

ПАКУВАЊE

5kg; 25kg