BK-HidroStop Base

Еднокомпонентен хидроизолациски премаз

BK-HidroStop Base

Калкулатор на потрошувачка

Потребни Ви се kg од овој производ

ПРИМЕНA

Еднокомпонентен, хидроизолациски премаз за хоризонтална и вертикална заштита на површините од влага. Се користи за хидроизолација на потенцијално влажни простории: кујни, бањи, туш кабини, базени, подрумски површини, тераси итн. Наменет е за внатрешна и надворешна употреба и не е предвиден за завршна обработка на површините, ниту пак за системи кои се во перманентен контакт со вода.

ПОДГОТОВКА И НАНЕСУВАЊЕ

Површината на која се нанесува BK-HidroStop Base мора да биде цврста, без прав, сува и исчистена од масти, мувла и слабо врзани делови. Пред нанесување на хидроизолацијата се препорачува премачкување на подлогата со BK-Ultra Prime. Во случај на стари и нерамномерно апсорбирачки подлоги, како и во случај на порозни високо апсорбирачки подлоги, потребно е да се изврши премачкување со BK-Ultra Prime, најмалку 4 часа пред нанесувањето на хидроизолација. Во случај на површини кои се лупат, ронат и/или прашат потребно е да се отстранат сите слабо врзани слоеви, а потоа да се изврши импрегнација на подлогата со BK-Penetrat. Бетонските површини неопходно е добро да се измијат со врела вода како би се отстраниле присутните нечистотии, а потоа по целосното сушење да се премачкаат со BK-Beton Kontakt.
Подготовката на премазот се врши со додавање на околу 5,5 l вода на вреќа од 20 kg, се меша до целосна хомогенизација. Масата да се остави да отстои околу 5 мин. и повторно да се измеша. Подготвената маса да се употреби во рок од 2 ч. Премазот се нанесува со четка во два наноси, во вкрстена постапка, до целосното покривање на површината. Дебелината на првиот слој изнесува околу 1 mm, a вториот слој се нанесува по стврднување на претходниот. Хидроизолацискиот премаз треба да се заштити од брзо сушење. После 12 часа од нанесување на вториот слој, површината е подготвена за поставување на керамика (за лепење користете лепак SiproFix BK-110 ). За детални упатства погледнете го техничкиот лист на производот.

ПОТРОШУВАЧКA

Oколу 1,20 kg/m2/mm, во зависност од квалитетот на подлогата.

РОК НА УПОТРЕБА И СКЛАДИРАЊЕ

12 месеци во оригинално пакување во сува просторија на палети.

ПАКУВАЊЕ

20 кг