BK HidroStop Extra

Еднокомпонентен флексибилен хидроизолационен премаз

BK HidroStop Extra

Калкулатор на потрошувачка

Потребни Ви се kg од овој производ

ПРИМЕНА

Хидроизолационен, флексибилен премаз за хоризонтална и вертикална заштита на површини од влага. Се употребува за хидроизолација на потенцијално влажни простории: кујни, бањи, туш кабини, базени, подрумски површини, тераси итн. Наменет е за внатрешна и надворешна употреба, за позитивен и негативен притисок на вода од ≤ 1,5 bar. Поради својата висока флексибилност, погоден е за заштита на површини изложени на напрегања.

ПОДГОТОВКА И НАНЕСУВАЊЕ

Подлогата врз која ќе биде нанесен BK-HidroStop Extra да е цврста, без прашина, исчистена од мрсни дамки, без мувла и без лошо врзани делови. Пред нанесувањето на хидроизолација се препорачува премачкување со BK-Bond подлога разредена според упатството. Во случај на постари и нерамномерно апсорбирачки подлоги, како и во случај на порозни високо апсорбирачки подлоги неопходно е да се изврши премачкување на подлогата со разреден BK-Bond, мин. 4 ч. пред нанесувањето на хидроизолација. Во случај на површини кои се лупат, трошат и/или распрскуваат потребно е да се отстранат сите слабо врзани слоеви, а потоа да се изврши импрегнација на подлогата со BK-Penetrat. Бетонските површини неопходно е добро да се исчистат со врела вода, со цел отстранување на присутните нечистотии, а потоа да се премачкаат со BK-Beton Kontakt. Премазот се подготвува со мешање со 30% вода додека смесата не стане целосно хомогена. Потоа треба да отстои 5 минути, и повторно да се промеша. Подготвената смеса може да се искористи во рок од 2 h. Се нанесува со четка во два слоја во вкрстена постапка додека површината не биде целосно прекриена. Дебелна на секој поединечен слој изнесува приближно 1 mm, а секој последователен слој се нанесува откако претходниот ќе зацврсне. Хидроизолациониот премаз да се заштити од пребрзо сушење. За детални упатства да се погледне во техничкиот лист за производот.

ПОТОШУВАЧКА

Околу 2-2,5 kg/m2, зависно од квалитетот на подлогата.

РОК НА ТРАЕЊЕ И СКЛАДИРАЊЕ

12 месеци во оригиналната амбалажа во сув простор подигнато на палети.