BK-Iskra

Декоративна боја со кристален ефект за внатрешни ѕидови

BK-Iskra

Калкулатор на потрошувачка

Потребни Ви се l од овој производ

ПРИМЕНА

Акрилна боја наменета за декорација на внатрешни површини. Брилијантната завршна структура потекнува од сјајните кристали кои и даваат полн сјај на бојата. Соодветни подлоги се сите површини израмнети со BK-GletEx Acryl или BK GletEx Universal. Намачканите површини се отпорни на влажно бришење.

БОЈА

бела + нијанси по картата со тонови на ВК- Iskra.

ПОДГОТОВКА И НАНЕСУВАЊЕ

Пред нанесувањето на декоративната боја, глетуваните површини потребно е да ги премачкате со BK-Deco Acryl подлогата (време за сушење мин. 6h), која е препорачливо да се тонира во нијансата на завршниот слој. Припремата на бојата се врши со додавање на едно пакување BK-Kristali во 1L боја. Смесата полека се меша и неразредената боја се нанесува со четка за фарбање во два слоја, без прекин на континуирани површини, дијагонално од едниот до другиот крај на ѕидот. Вториот слој се нанесува откако ќе се исуши првиот (околу 6h) по иста постапка, но почнувајќи од спротивната страна на ѕидната површина.

ОПТИМАЛНА РАБОТНА ТЕМПЕРАТУРА

од 8°C до 35°C. Премазот е потполно сув после 24h. За подетални информации погледнете го техничкото упатство на производот.

ПОТРОШУВАЧКА

Околу 150-200 ml/m², во зависност од постапката на нанесување.

РОК НА ТРАЕЊЕ И ЧУВАЊЕ

12 месеци во оргиналната амбалажа. Чувајте на температура од +5°C до +25°C, заштитено од сончева светлина и замрзнување.

ПАКУВАЊE

1l