BK-Liv 30

Самонивелирачка маса за подови

BK-Liv 30

Калкулатор на потрошувачка

Потребни Ви се kg од овој производ

ПРИМЕНA

Брзоврзувачка самонивелирачка маса со голема цврстина, за израмнување на бетонски површини, цементни кошулки и површини под плочки пред поставување на паркет, керамика, PVC и други подни облоги, во станбени, деловни и слични објекти. Производот не е наменет за завршен слој. Дебелината за нанесување на слојот изнесува од 5-30 mm. Се користи за внатрешни и надворешни површини (пр. тераси или веранди во комбинација со BK-HidroStop хидроизолациски премази). Погодна во системот на подно греење.

ПОДГОТОВКА И НАНЕСУВАЊЕ

Површината на која се нанесува масата мора да биде цврста, чиста, без прав, маснотии и слабо врзувачки делови. Пред нанесувањето на BK-Liv 30 површината да се премачка со BK-Ultra Prime, додека во случај на нанесување на стари керамички плочки како подлога да се користи BK-Bond. Времето потребно за сушење на подлогата изнесува мин. 4 часа. Подготовката на масата се врши со додавање на прав во 19-20% вода ( 25kg прав во околу 5 l вода), до целосно хомогенизација. Масата оставете ја да отстои 5 мин. а потоа повторно измешајте ја. Maсата се разлева на подлогата во еден слој со помош на соодветна алатка, а по разлевањето пожелно е површината да се помине со специјален иглест ваљак („еж“ ваљак), со цел исфрлање на воздушните меури. Подготвената маса да се употреби во рок од 45 мин. За детални упатства погледнете го техничкиот лист на производот.

ПОТРОШУВАЧКA

Oколу 1,5-1,7 kg/m²/mm.

СКЛАДИРАЊЕ

12 месеци во оригинално пакување во сува просторија на палети.

ПАКУВАЊЕ

25 kg