BK METALUX 3IN1

3во1 премаз за метал

BK METALUX 3IN1

Калкулатор на потрошувачка

Потребни Ви се l од овој производ

ПРИМЕНА

Брзосушива темелна – завршна боја за метал која менува anirost, основна и завршна боја. Во себе содржи ситни метални струготини кои на третираната површина и даваат специфична релјефна структура. Идеален е за боење на ковано железо додека на обичниот метал му дава ефект на кован. При тоа, одлично ги отстранува недостасоците во врска со нерамнините на металот (без подлога).

ПОДГОТОВКА И НАНЕСУВАЊЕ

Meталната површина на која се нанесува бојата не бара посебно чистење од корозија. Потребно е да се отстрани најгрубиот трошен слој од рѓа и металот добро да се одмасти и исчисти, а потоа да се нанесе боја. Пред употреба потребно е прво добро да се измеша масата, да не се разредува при нанесување со четка, додека при користење на пиштол се разредува со BK-RX максимум 5% (37,5 ml). Потоа, бојата се нанесува во два слоја, првиот со сенчење, а вториот да биде подебел слој, дебелината на наносот да биде 120 микрони, што е доволно за да се сопре понатамошниото навлегување на корозија. Вториот слој потребно е да се нанесе најдоцна 7 часа од нанесувањето на првиот слој. Бојата може да се нанесува со четка, ваљак или пиштол (ø 2,5).

ПОТОШУВАЧКА

Oколу 90-95 ml/m2 во еден слој.

РОК НА ТРАЕЊЕ И СКЛАДИРАЊЕ

36 месеци спакуван во оригиналната амбалажа. Да се складира на температура од +5°C до +25°C, заштитен од сончевата светлина и замрзнување. Датата на производство е втисната на амбалажата.

ПАКУВАЊE

750 ml

НИЈАНСЕ BK-METALUX 3IN1

Бела, Сива, Златна, Зелена, Бордо и Црна.