BK-MICROFAS SILICON
Силиконска дисперзија со микровлакна за надворешни ѕидови

Калкулатор на потрошувачка
ПРИМЕНА
Силиконска дисперзивна боја со микровлакна за заштита и декорација на нови и стари фасадни површини. Изработена е на база на високо квалитетни силиконски смоли,поседува одлична покривна моќ и водоотпорност, добра паропропустливост, отпорна на УВ зрачење и атмосферски влијанија. Поради големата отпорност погодна е и за примена на внатрешни ѕидови во јавни објекти. Овој производ добро ги премостува и пополнува тенките пукнатини во малтерот (макс. 0,5 mm), и на тој начин ја спречува појавата на додатни пукнатини или видливи потези на завршните површини.
ПРИПРЕМА И НАНЕСУВАЊЕ
Подлогата на која се нанесува дисперзијата мора да биде чиста сува и премачкана со BK-MicroGrund Universal подлога. BK-MicroFas Silicon одлично се нанесува со долг ваљак, во два слоја со вкрстена постапка. Подготовката на бојата се врши со додавање на околу 5-10% вода (0,25-0,5 l вода за пакување од 5 kg, 0,4-0,8 l вода за пакување од 8 kg, 1,25-2,5 l вода за пакување од 25 kg), со добро мешање до целосна хомогенизација. Вториот слој се нанесува откако целосно ќе се исуши првиот слој, за што при нормални услови (T=+23-25 ºC, релативна влажност на воздухот =50-60 %) потребни се 4-6 ч. Потребно е да се работи рамномерно и без прекинувања на континуални површини со „полн ваљак“ за да се избегне групирање на полнилото на едно место. За повеќе информации погледнете го техничкиот лист на производот.
ТЕМПЕРАТУРНИ ПРИМЕНИ
Од +5°С до +30°С. Да не се работи под директно влијание на сонце, дожд и јак ветар.
ПОТРОШУВАЧКА
Околу 0,4-0,45 kg/m² во зависност од рапавоста и впивливоста на подлогата.
РОК НА ТРАЕЊЕ И СКЛАДИРАЊЕ
До 18 месеци во оригиналната амбалажа. Да се чува на температура од +5°С до +25°С заштитено од сончева светлина и замрзнување.
ПАКУВАЊЕ
5 кг; 8 кг; 25 кг