BK-MicroGrund Universal

Универзална структурна подлога со микровлакна

BK-MicroGrund Universal

Калкулатор на потрошувачка

Потребни Ви се kg од овој производ

ПРИМЕНА

Универзална структурна подлога со микровлакна наменета за изедначување, неутрализација, зацврстување и водоотпорност на подлогата пред нанесување на сите видови фасадни бои и декоративни малтери, освен на силикатни бои/малтери. Производот е подесен за пополнување фини пукнатинки и за дополнително армирање на подлогата. Најчесто се користи во комбинација со BK-MicroFas Acryl и BK- MicroFas Silicon.

ПОДГОТОВКА И НАНЕСУВАЊЕ

Подлогата врз која се нанесува BK-MicroGrund Universal треба да е цврста, чиста, сува и без остатоци на масла. BK-MicroGrund Universal подлогата пред употреба треба да се промеша и да се разблажи со 10-15 % вода (0,8-1,2l вода за пакување од 8kg, 2,5-3,75l вода за пакување од 25kg). Така разблажена подлога во два слоја се нанесува врз ѕидот со користење на ваљак со долги влакна со вкрстена постапка. Потребно време за сушење пред нанесување друг слој изнесува мин. min. 4h. Неопходно е да се работи рамномерно со „полн ваљак“, така да премачканата површина се поминува со ваљак повеќе пати во различни правци, за да се избегне групирање на полнилото на едно место. Потребно време за сушење пред нанесување завршен слој изнесува 24 h. За подетални упатства да се погледне во техничкиот лист за производот.

ПРИМЕНА НА ПРОИЗВОДОТ НА ТЕМПЕРАТУРА

Од +5°C до + 30°C. Да не се работи на директно сонце, за време на дожд и силен ветер.

ПОТОШУВАЧКА

Околу 0.2-0.3 kg/m², во зависност од впивањето и рапавоста на подлогата.

РОК НА ТРАЕЊЕ И СКЛАДИРАЊЕ

До 18 месеци спакуван во оригиналната амбалажа. Да се складира на температура од +5°C до +25°C, заштитен од сончевата светлина и замрзнување.

ПАКУВАЊЕ

8 кг; 25 кг