BK-Natura
Декоративна пастозна маса со изглед на природни материјали за внатрешни ѕидови

Калкулатор на потрошувачка
ПРИМЕНА
Премаз наменет за декорација на внатрешните површини. Финалната структура се добива со различни техники на нанесување и со употреба на различен алат (имитација на дрво, крокодилска кожа, мермер и сл.). Сувиот слој се декорира со полутранспарентна боја BK-Velatura. Одговарачки подлоги се сите површини израмнети со BK-GletEx Acryl или BK-GletEx Universal. Завршниот слој е отпорен на влажно бришење.
БОЈА
Бела + нијанса од картата со тонови BK-Natura.
ПОДГОТОВКА И НАНЕСУВАЊЕ
Пред нанесувањето на декоративен премаз, глетуваната површина треба да се премачка со BK-Deco Acryl подлогата (време за сушење мин. 6h). BK-Natura е материјал спремен за нанесување. Полека промешајте ја смесата и нанесете ја со трапезовидна пластична шпакла во еден слој. По нанесувањето, во зависност од саканата структура, свежиот материјал се обработува со различни алати: заоблена пластична шпакла, чешел за декоративни материјали, ваљаци со текстура и други алати. После периодот на сушење од 24h, се пристапува кон нанесување на BK-Velatura. Додека бојата е сеуште влажна, отстранете го вишокот на BK- Velatura со помош на сунѓер или пластична шпатула.
ОПТИМАЛНА РАБОТНА ТЕМПЕРАТУРА
од 8°C до 35°C. Материјалот е потполно сув после 24h. Подетални информации побарајте во техничкото упатство на производот.
ПОТРОШУВАЧКА
Oколу 300-500 ml/m², во зависност од техниката на нанесување.
РОК НА ТРАЕЊЕ И ЧУВАЊЕ
12 месеци во оригинално запакуваната амбалажа. Да се чува на температура од +5°C до +25°C, заштитено од сончева светлина и замрзнување.
ПАКУВАЊE
5 l
5l.