BK-NovaEra Exclusive

Декоративна боја со светкав ефект за внатрешни ѕидови

BK-NovaEra Exclusive

Калкулатор на потрошувачка

Потребни Ви се l од овој производ

ПРИМЕНА

крилна паропропусна боја наменета за декорација на внатрешни површини. Се нанесува на сите површини претходно израмнети со BK-GletEx Universal или со BK-GletEx Acryl. Пребоените површини се отпорни на влажно бришење. Доаѓа во три нијанси, златна, сребрена и бронзена.

ПОДГОТОВКА И НАНЕСУВАЊE

Пред нанесување на декоративната боја, глетуваните површини треба да се премачкаат со BK-Deco Acryl подлога (време на сушење е min. 6 h). По нанесувањето на подлогата, се нанесува BK- Gold или BK- Crystal во саканата нијанса, а откако бојата ќе се исуши, може да се нанесе BK-Nova Era Exclusive. Бојата се нанесува со помош на фарбарска четка, најчесто во еден слој. Финален изглед се постигнува со пеглање со употреба на пластична лепеза.

ОПТИМАЛНА РАБОТНА ТЕМПЕРАТУРА

е од +8°C до +35°C. Пред нанесување на вториот слој, површината да се суши 4-6 h. Премазот е целосно исушен после 24 h.За подетални упатства да се погледне во техничкиот лист за производот.

ПОТРОШУВАЧКА

Околу 200-300 ml/m² за секој слој.

РОК НА ТРАЕЊЕ И СКЛАДИРАЊЕ

12 месеци спакуван во оригиналната амбалажа. Да се складира на температура од +5°C до +25°C, заштитен од сончевата светлина и замрзнување. Датата на производство е втисната на амбалажата.

ПАКУВАЊE

1 l