BK-PARKETFIX PU

Двокомпонентен полиуретански лепак за паркет

BK-PARKETFIX PU

Калкулатор на потрошувачка

Потребни Ви се kg од овој производ

ПРИМЕНА

Висококвалитетен двокомпонентен полиуретански лепак со висока почетна и крајна јакост без потреба од вода и растворувач, за внатрешна употреба. Подесен е за лепење на сите видови паркети, ламинати, бродски подови и паркети од егзотични видови дрва (со пробно лепење) на впивливи и невпивливи подлоги. Поради добра адхезија и флексибилност, производот е погоден и за лепење на паркет на подови со подно греење.

ПОДГОТОВКА И НАНЕСУВАЊЕ

Подлогата на која се нанесува лепакот треба да е цврста, чиста, сува и да нема прашина, остатоци од масла, мрснотии и други материјали и да биде грундирана со BK-ParketFix Prime подлога. Влажноста на подлогите да не биде поголема од 2% (се препорачува претходно мерење). Пред употреба на комплетното количество компонента Б (која се наоѓа во шишето), ставете ја компонентата А и извршете хомогенизација. Компонентите треба да се изматат со помош на миксер со мал број на вртежи, сé додека смесата не стане хомогена. Лепакот се нанесува со назабена глетарка, тип Б3. Подните облоги се поставуваат на свеж лепак со притискање врз подлога. Подните облоги се брусат 24h по лепењето. Алатот треба да се исчисти веднаш по завршување со работата. За детални упатства да се погледне во техничкиот лист за производот.

НАПОМЕНА

Да се обрне внимание за времетраењето при коешто лепакот врзува, а тоа се 60-75 минути. Мешање на компонентите во произволни соодноси не е дозволено.

ПРИМЕНА НА ПРОИЗВОДОТ НА ТЕМПЕРАТУРА

Од +10°C do +25°C. Време на врзувањето и сушењето на лепакот се продолжува на ниски температури, односно станува покусо во услови на повисоки температури.

ПОТОШУВАЧКА

Околу 0,9-1,3 kg/m² во зависнност од видот на подната облога и од подлогата.

РОК НА ТРАЕЊЕ И СКЛАДИРАЊЕ

До 12 месеци спакуван во оригиналната амбалажа. Да се складира на температура од +5°C до +25°C, заштитен од сончевата светлина и од смрзнување. Датата на производство е втисната на амбалажата

ПАКУВАЊE

10,5 kg