BK-Penetrat

Високопенетрирачка подлога за слабо врзувачки површини

BK-Penetrat

Калкулатор на потрошувачка

Потребни Ви се l од овој производ

ПРИМЕНА

Длабински, паропропустлив премаз наменет за импрегнација, изедначување и зацврстување на сите видови минерални надворешни и внатрешни подлоги. Се применува кај впивливи, слабо врзливи површини, пред нанесувањето на следните слоеви со цел да се подобри адхезијата. Заради своите наночестички има неверојатна продорна способност, па затоа е погоден за реставрација и санирање на културни споменици и стари, историски објекти, кога е потребно додатно да се поврзат и појачаат оштетените површински малтери.

ПОДГОТОВКА И НАНЕСУВАЊЕ

Подлогата на која се нанесува BK-Penetrat мора да биде чиста, сува, без остатоци од масло и стари слоеви. Пред нанесувањето потребно е да се отстранат слабо врзаните делови колку што е тоа возможно. Пред употреба BK-Penetrat да се разреди со вода во однос 1:3 и добро да се измеша. За подобра пенетрација неопходно е да се придржувате на информациите во упатството за разредување. Нанесувањето се врши со четка со долги влакна, ваљак со долги влакна или со прскање. Кај многу стари, впивливи површини, грундирањето да се изврши два пати по принципот мокро на мокро. Времето за сушење е минимално 24h. За подетални упатства да се погледне во техничкиот лист за производот.

СЕ ПРИМЕНУВА НА ТЕМПЕРАТУРА

Oд +5°C до +25°C. Да не се работи изложено директно на сонце, на дожд или на јак ветер.

ПОТРОШУВАЧКА

50-80 ml/m², зависно од впивливоста и рапавоста на подлогата.

РОК НА ТРАЕЊЕ И ЧУВАЊЕ

12 месеци во оригинално запакуваната амбалажа. Да се чува на температура од +5°C до +25°C, заштитено од сончева светлина и замрзнување.

ПАКУВАЊЕ

1 л; 5 л