BK-PlasterFix

Лепило за лепење на гипс-картонски плочи

BK-PlasterFix

Калкулатор на потрошувачка

Потребни Ви се kg од овој производ

ПРИМЕНА

BK-PlasterFix е градежен лепак на гиспена база наменет за фиксирање на гипс-картонски плочи на ѕидни површини.

ПОДГОТОВКА И НАНЕСУВАЊЕ

Подлогата врз која се нанесува лепакот треба да е цврста, чиста и сува, без слабо врзани делови, мрсни дамки и сл. Доколку се применува на многу глатки површини, потребно е претходно да се нанесе BK-Beton Kontakt. Доколку се применува на површини кои имаат голема моќ на впивање, пред лепење да се направи претходно премачкување со BK-Nivelator. Подготовка: со додавање околу 39% вода (25kg прав во околу 9,75l вода) со интензивно матење дури не се постигне целосна хомогенизација. Смесата да отстои 10-тина минути, а потоа пред нанесување, пак да се промеша. Подготвениот лепакот врз гипс-картонските плочи се нанесува по нивните рабови и по средината или во вид на ленти преку целата површина, а плочите на рамна подлога се лепат со притискање. За подетални упатства да се погледне во техничкиот лист за производот.

ПРИМЕНА НА ПРОИЗВОДОТ НА ТЕМПЕРАТУРА

Од +5°C до +30°C.

ПОТОШУВАЧКА

Околу 3,5-4,0 kg/m².

РОК НА ТРАЕЊЕ И СКЛАДИРАЊЕ

12 месеци во оригиналната амбалажа во сув простор подигнат на палети.

ПАКУВАЊE

25 kg