BK-Pol Protect

Дисперзија за внатрешни ѕидови отпорна на појава на мувла

BK-Pol Protect

Калкулатор на потрошувачка

Потребни Ви се l од овој производ

ПРИМЕНА

Дисперзиона боја на база на полимерна емулзија со ефикасна заштита против мувла, наменета за внатрешна употреба. Има одлична покривна моќ и паропропустливост. Бојадисаните површини се отпорни на суво бришење, чистењето со влажна крпа не е возможно. Се препорачува за заштита на ѕидовите во простории во кои релативната влажност на воздухот е висока и каде што поради кондензација доаѓа до развој на микроорганизми.

ПОДГОТОВКА И НАНЕСУВАЊЕ

Површината на која се нанесува мора да биде цврста, чиста и сува, да нема слабо поврзани делови, остатоци од масло, маст и други нечистотии. Заразените површини прво треба механички да се исчистат, а потоа да се изврши дезинфекција со BK-SaniCid Exspress или со BK-SaniCid. Подготовката на бојата обично се врши со додавање на 15-20% вода (0,45-0,6 l вода за пакување од 3 l, 0,75-1,0 l вода за пакување од 5 l, 1,5-2,0 l вода за пакување од 10 l), со добро мешање до целосна хомогенизација. Нанесувањето обично се врши со кратковлакнест валјак, во два слоја. Вториот слој се нанесува по целосно сушење на првиот. За подетални упатства видете го техничкиот лист на производот.

ПОТРОШУВАЧКА

Околу 120-130 ml /m2 за двослоен премаз.

РОК НА ТРАЕЊЕ И ЧУВАЊЕ

18 месеци во оригинално спакуваната амбалажа. Да се чува на температура од +5C до +25C, заштитена од сончева светлина и смрзнување.

ПАКУВАЊЕ

3 л; 5 л; 10 л