BK-PROTECTA

Средство за заштита на дрво

BK-PROTECTA

Калкулатор на потрошувачка

Потребни Ви се l од овој производ

ПРИМЕНA

BK-Protecta е течно биоцидно средство – прајмер, на водена база, за третман на дрво, како превентивна заштита. Содржи активни супстанци кои се ефикасни во заштита на дрвото од мувли кои го уништуваат дрвото, габи кои влијаат на промената на бојата на дрвото и инсекти кои го напаѓаат дрвото. BK-Protecta прајмерот исклучително лесно навлегува низ порите на дрвото, штитејќи ги на тој начин и длабочинските слоеви на дрвото. Производот ја регулира содржината на влага во дрвото и овозможува добра адхезија на следните премази. Премазот може да се користи за нанос на дрвени површини надвор, кои не се во директен контакт со почва или вода. Погоден е за примена на фасадни дрвени површини, столарија (внатрешни и надворешни делови), дрвени гаражи, ролетни и огради на балкони. По сушењето нема мирис. Производот не би требало да се користи за третирање на дрво во внатрешни простории.

KОРИСНИЦИ

Производот е наменет за општа употреба, како и за професионални корисници. Прочитајте го упатството пред употреба!

ДАТУМ НА ПРОИЗВОДСТВО И СЕРИСКИ БРОЈ

Втиснати се на амбалажата.

ПОТРОШУВАЧКА

Oколу 120 ml/m² во зависност од цврстината на дрвото.

ПАКУВАЊE

650 ml