BK-PUR EPS KLEBER

Полиуретанско лепило за EPS плочи

BK-PUR EPS KLEBER

ПРИМЕНA

Е еднокомпонентна нискоекспандирачка полиуретанска пена, посебно развиена за потребите за лепење на лесни изолациски материјали и декоративни елементи од стиропор. Пената има одлична структура и на температура од +5°C. Има одлична адхезија на бетон, гипс, ѕидови, дрво, стиропор, ПВЦ, вклучувајќи и модификувани битумени и сл. За високо ефективно лепење и монтажа на изолациони системи на вертикални конструкции.

ПОДГОТОВКА И НАНЕСУВАЊЕ

Се користи на суви површини без прашина. Покријте ги мебелот и останатите површини кои може да се извалкаат. При складирањето на ниски температури препорачуваме, пред користењето, дозата да биде еден час на собна температура. Упатство за употреба: BK-Pur EPS Kleber го користите така што го отстранувате капачето и го навртувате цевчето за распрскување на врвот на боцата. Дозата треба добро да се протресе (минимум 30 пати). При лепењето на плочите од стиропор, пената нанесете ја по работ на плочата со отстапување од 2-4 cm од работ и во рамките на контурите во последователни ленти со околу 30cm растојание помеѓу нив. Постапката повторете ја минимум со уште една лента во средината по должината на плочата. Препорачаната примена на наносот изнесува cca 3-4 cm. Ставете ја плочата на ѕидот и веднаш притиснете ја и израмнете ја со помош на долга даска. Површината на плочата може да се израмни до cca 20 минути од лепењето, во зависност од температурата на средината (на воздухот и подлогата). За отстранување на нестврднатата маса користете BK-PU Cleaner.

ВНИМАНИЕ!!!

Чистачот за PUR пена не смее да дојде во контакт со стиропор поради тоа што брзо го растопува! Стврднатата маса може да се отстрани само механички. Зa детални упатства погледајте го техничкиот лист на производот.

ТЕМПЕРАТУРА НА ПРИМЕНА

Oд +5 дo +35°C.

РОК НА УПОТРЕБА И СКЛАДИРАЊЕ

Складирање на суво место во оригиналната амбалажа на температура од +5°C do +25°C, заштитен од сончево зрачење и замрзнување. Рокот на употреба е втиснат на амбалажата.

ПАКУВАЊЕ

825 ml