BK-PUR UNIVERSAL GUN

Полиуретанска пена за монтaжа и лепење - за пиштол

BK-PUR UNIVERSAL GUN

ПРИМЕНA

Еднокомпонентна пиштолска пена, се стврднува со помош на влага од воздухот. Се применува за споеви помеѓу ѕидови, плафони и подови, за кружни споеви околу прозорци и врати. Има добра адхезија на бетон, тули, камен, малтер, дрво, метал и многу пластики како што се полистиренска пена, крута PU пена и PVC.

ПОДГОТОВКА И НАНЕСУВАЊЕ

Површината мора да биде цврста, чиста, без масти и масла. Покријте ги површините на кои не се нанесува пена. Се препорачува сувите подолги пред нанесување на пената, да се натопат со вода. Кога се ниски температурите, оставете ја пената најмалку еден час пред употреба на собна температура. Пред примената протресете го канистерот (најмалку 20 пати). На свртениот канистер нагоре, прицврстете го пиштолот со NBS навој, a потоа свртете го канистерот наопаку и нанесете ја пената.

За регулација на нанесување на пената, користете го вентилот од задната страна на рачката. Шуплината исполнете ја до пола, а во случај на намалување на влажноста, пената лесно испрскајте ја со вода и таа ќе се рашири и ќе го пополни остатокот. За фиксирање на прозорски рамки, користете ги држачите со растојание и клинови за држење на рамка на место околу 24 часа, додека пената целосно не се стврдне. Споевите кои се пошироки и подлабоки од 4 cm треба да се исполнат во повеќе слоеви. Времето кое е потребно да помине помеѓу две нанесувања на пената е околу 15-30 мин.

За чистење и отстранување на остатоците од пената употребете го чистачот на пена BK-PU Cleaner додека пената е сеуште мека. Стврднатата пена може да се отстрани само механички, а потоа површината може понатаму да се обработува со малтери или со акрилни заптивни маси.

Зa детални упатства погледајте го техничкиот лист на производот.

TEМПЕРАТУРА НА ПРИМЕНА

Oд +5°C дo +35°C.

РОК НА УПОТРЕБА И СКЛАДИРАЊЕ

18 месеци. Складирање на суво место во оригиналната амбалажа на температура од +5°C до +25°C, заштитен од сончево зрачење и замрзнување. Рокот на употреба е втиснат на амбалажата.

ПАКУВАЊE

750 ml