BK-Rustic

Декоративен премаз со рустичен ефект на ‘рѓа

BK-Rustic

Калкулатор на потрошувачка

Потребни Ви се l од овој производ

ПРИМЕНA

Водоперива боја наменета за декорација на внатрешни површини со чие нанесување се добива атрактивен изглед на префарбаните ѕидови. Погоден е за модерните опкружувања кои бараат елеганција или rustic стил, како за јавни места така и за приватни домови. BK-Rustic може да се пере по три недели од нанесувањето, се карактеризира со добра паропропустливост и не е запалив. Не содржи растворувачи и пигменти кои содржат олово и хром.

BK-Rustic достапен е во две техники: BK-Rustic Art Style 1 и BK-Rustic Art Style 2.

1 – BK-Rustic Rust Art Style 1 се добива со нанесување на база која се тонира во посакуваната нијанса по Bekament Rustic тон картата, a потоа се нанесува на тонирана подлога BK – Deco Acryl C43.

2 – BK-Rustic Art Style 2 се добива со нанесување на нетонирана база на подлога BK – Deco Acryl која се тонира во посакуваната нијанса по Bekament Rustic тон картата.

ПОДГОТОВКА И НАНЕСУВАЊЕ

Површината на која се нанесува масата мора да биде цврста, чиста и сува, без слабо врзани делови, масни дамки и сл. Соодветни подлоги се сите површини израмнети со BK-GletEx Universal или BK-GletEx Acryl. Глетуваните површини треба да се премачкаат со BK-Deco Acryl подлога (време потребно за сушење мин. 6 ч.). Maсата по тонирањето или додавањето на бисери, полека се меша, рачно, и потоа производот е подготвен за употреба. На овој начин подготвениот производ потребно е да се употреби во рок од 15 дена. Се нанесува со DECOR четка во еден или по потреба во два слоја (за потреба на поголема исполнетост), во сите правци. Кога ќе почне да се суши нанесениот материјал (20-30 мин. по нанесувањето) се пристапува кон лесно пеглање и мазнење со помош на Hoble inox 20×8 cm. Пеглањето може да се врши во правец на дијагонала или во сите правци, во зависност од посакуваниот ефект.
Премазот е целосно сув по 24 ч.

ПОТРОШУВАЧКA

Oколу 150-250 ml/m2 во зависност од техниката на нанесување.

РОК НА ТРАЕЊЕ И СКЛАДИРАЊЕ

24 месеци во оригинално спакувана амбалажа. Да се складира на температура од +5C дo +25C, заштитено од сончева светлина и замрзнување.

ПАКУВАЊЕ

2,5 l.