BK-Stain Blocker

Подлога за спречување на дамки

BK-Stain Blocker

Калкулатор на потрошувачка

Потребни Ви се l од овој производ

ПРИМЕНА

BK-Stain Blocker е акрилна подлога на водена основа, која се користи пред нанесување на дисперзиони бои, за надворешна и внатрешна употреба. Наменета е за спречување на дамки од никотин, саѓи, масло и други дамки (маркери, пенкала, кафе, вино и сл.) и на тој начин ја подобрува адхезијата и изедначеноста на наредните слоеви боја.

ПОДГОТОВКА И НАНЕСУВАЊЕ

Површината на која се нанесува мора да биде сува и да нема слабо врзани делови.

Пред употреба BK-Stain Blocker треба добро да се измеша и да се разреди со вода 8-10% (60-75ml вода). BK-Stain Blocker се нанесува со кратковлакнест валјак, во два слоја. Времето на сушење помеѓу слоевите изнесува 4 часа, при нормални услови (23°C и 50-60 % релативна влажност на воздухот). На вака нанесен премаз може да се нанесуваат наредните слоеви по мин. 24 часа сушење. За детални упатства погледнете го техничкиот лист на производот.

ТЕМПЕРАТУРА НА ПРИМЕНА

Од +5°C до +30°C.

ПОТРОШУВАЧКА

90-130 ml/m2.

РОК НА ТРАЕЊЕ И ЧУВАЊЕ

18 месеци во оригинално спакуваната амбалажа. Да се чува на температура од +5°C до +25°C, заштитено од сончева светлина и смрзнување.

ПАКУВАЊE

750 мл